Јавен обвинител денеска врши увид во Универзална сала

April 10, 2024
1 min read

Увидни екипи со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска го започнаа увидот на објектот на Универзалната сала, каде вчера изби пожар, соопштија денеска од Обвинителството.

Оттаму велат дека локацијата е обезбедена и се создадени неопходни услови за извршување на увид од страна на јавен обвинител.

„Локацијата ќе биде детално прегледана за да се обезбедат сите докази неопходни за утврдување на причините за настанување на пожарот. Стручно вешто лице ќе се произнесе дали пожарот е евентуално предизвикан од човечки фактор или се работи за несреќен случај“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Во текот на вчерашниот ден, како што велат од Обвинителството, во рамките на своите надлежности, Државниот инспекторат за труд извршил контрола на работењето на фирмите ангажирани за реконструкција на објектот и изготви записник.

Извор: alsat.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Лепа Брена откри се’ за човекот кој и го предвидел успехот: И денеска палам свеќа за него

Следно

Во текот на Рамазан во 182 масакри Израел уби 2.315 Палестинци

Latest from Blog

Првите резултати од претседателските избори во Романија покажуваат водство на Никушор Дан

Независниот кандидат и актуелен градоначалник на Букурешт Никушор Дан води на претседателските избори во Романија, покажаа првите резултати од излезните анкети на социолошките агенции Авангард и Курс, пренесува Диџи24. Втор е кандидатот

ТФТ го збриша Работнички за пласман во финалето на кошаркарскиот плеј-оф

Кошаркарите на ТФТ се вториот финалист во плеј-офот од домашното кошаркарско првенство. Во третиот меч од полуфиналната серија, ТФТ како гостин го прегази Работнички со 73:92 и дојде до третата победа која

Заврши гласањето на локалните избори во Хрватска

Избирачките места за локалните избори во Хрватска се затворија во 19:00 часот по локално време. Хрватите денеска ги избираа своите претставници за следните четири години во обласните, општинските и градските совети, како
Go toTop