Универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во емисијата Аргумент плус истакна дека во Рамковниот договор не слулчајно стои 20% и тие не се однесуваат само на албанскиот јазик.
– Во амандманот 5 на локално ниво се однесува и на останатите јазици. не случајно е одбрано 20% и тоа не е наметнат македонски предлог, тоа е од Меѓунардоната заедница. Во другиоте земји, тој процент е поголем. Ако е дел од Рамковниот договор, а таму не смееше ништо да се смени, иако сега е дел од Уставот. Не мислам дека ова треба да се менува и сосема е јасно дека тоа е албанскиот јазик на државно ниво и другите јазицви на локално ниво. Законот за употреба на јазиците е ужасен, неуставно донесен, со неуставни решенија, може да се направи некоја ревизија, да се посегне по друго решение и Уставот не треба да се менува.. – вели Силјановска Давкова.
Извор: 24vesti.mk