Покачување на платата или скратена работна недела – што би избрале?

March 27, 2024
2 mins read

Кога би имале избор помеѓу зголемување на платата или намалување на бројот на работни часови, односно еден работен ден помалку, што би избрале?

Времето е пари – е веќе излитена изрека, но реалноста е дека најмногу ни снемува време кога се обидуваме да заработиме пари, па времето буквално се претвора во пари. И тогаш се појавува едно клише кое всушност е уште повистинито од претходното – најважните работи не се купуваат со пари.

Социјалниот контакт, поминувањето време со семејството и пријателите, уживањето во вашето хоби и времето одвоено само за нас – се темелите за чувство на целосна среќа и исполнетост, а со петте или повеќе денови во неделата што ги поминуваме на работа, особено со работните часови што одземаат повеќе од половина ден, не ни останува многу време за вакви задоволства и релаксација, па едвај успеваме да ги завршиме сите потребни работи.

Не можеме без одмор и слободно време, а не можеме ни без пари. Кога би се соочиле со една од најинтересните дилеми – покачување на платата или еден работен ден помалку, што би избрале?

Најпрво и без размислување повеќемина би рекле пократка работна недела. Водејќи се од мислата дека нашето ментално и физичко здравје се на прво место.

Ако не се чувствуваме удобно во нешто и тоа е премногу стресно за нас, дури и токсично, тогаш тоа не е вистинскиот или добриот пат за нас, без разлика колку и да изгледа како правилна и логична одлука која вреди за да се жртвуваат и ризикуваат нештата. Но, дали е тоа избор на полесниот пат и останување во зоната на удобност.

Она што го знаеме е дека стресот и нервозата не водат кон ништо добро и дека секогаш би требало да се одлучуваме за некаква нематеријална корист, а не за материјална.

Приоритетите можат брзо да се променат

Се разбира, би било лицемерно да се тврди дека покачувањето не е важно и дека не звучи примамливо. Платата која е доволно висока за да ни овозможи да живееме нормален живот, живот кој не е само преживување, туку барем малку повеќе од тоа, исто така е многу важна ставка при изборот на работа и секој дополнителен бонус или покачување може да биде многу неопходен во некои животни ситуации и околности, па ако е потребно, би работеле и ден повеќе само за да може да се постигне стабилноста и безбедноста што си ја посакуваме, за себе и за другите.

Информацијата што неодамна ја изнесе Светската здравствена организација е дека главната причина за повредите или здравствените проблеми при работа не се несреќите на работа, туку долгото работно време. Срцев удар, мозочен удар и многу други ненадејни болести може да се припишат на работењето премногу денови по ред без слободен ден и премногу часови на ден.

Се разбира, не секоја прекувремена работа ќе предизвика болест, но фактот дека преголемата посветеност на работата може да влијае врз нашето здравје е уште еден во низата аргументи за да се одлучиме за слободен ден повеќе, или малку пократко работно време, отколку за покачување.

Но, секој од нас има различни приоритети и на исти работи гледаме на сосема различни начини. Исто така, една иста личност во различни периоди од животот има различни желби и приоритети, па којзнае како ќе би изгледал нашиот одговор за пет, десет или, пак, само за една година.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Ванковска: Уставното право не познава „одложена примена на уставни измени“

Следно

Човиќ: Измените на Изборниот закон на БиХ се неприфатливи за претставниците на хрватското Народно собрание во БиХ

Latest from Blog

Милионер кој троши богатство за да живее вечно, со предупредување: Избегнувајте го попладневното кафе (ВИДЕО)

Џонсон, чии методи за продолжување на животот досега вклучуваа бизарни практики како што се трансфузија на крв од сопствениот син, овој пат се осврна на научна студија која открива кога е идеално

Турција издаде налог за апсење на Нетанјаху поради геноцидот во Газа

Турското судство денес издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неколку израелски функционери, наводно за злосторства против човештвото и геноцид. Според Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул, налозите за

Избрани нови членови на Македонската академија на науките и уметностите

На 21-то Изборно собрание на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), што се одржа денеска се избрани двајца редовни членови, осум дописни членови, четири членови надвор од работниот состав и двајца
Go toTop