Трагедија во Аеродром: Работник паднал од објект и загинал на лице место

February 1, 2023
1 min read

Турски државјанин почина во Аеродром, откако паднал додека извршувал градежни работи на објект.

– На 31.01.2023 во 08.30 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека на објект во изградба на ул.„Фрањо Клуз“ во Скопје починал еден работник. Полициски службеници од полициската станица излегле на местото и било констатирано дека И.П.(55) од Република Турција паднал додека извршувал градежни работи на објектот, по што починал на местото, информира МВР.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.    

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Граѓаните од западен Балкан во Албанија ќе може да влегуваат со лична карта

Следно

Стапи во сила забраната на Русија за продажба на нафта на земји кои ја ограничија цената

Latest from Blog

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му – 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина

Димитриеска-Кочоска во Њујорк на форум за растот и иднината на новата економија

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска во Њујорк ќе учествува на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, во рамки на Sustainable Development Impact Meetings 2026, организирани од Светскиот економски форум.

Проданоски со австралискиот амбасадор: Фокус на инвестиции, економска соработка и нови проекти

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска остварил средба со амбасадорот на Австралија во Република Србија, со акредитација и за Македонија, Питер Трасвел, почесниот конзул и претставници на Амбасадата на Австралија. На

7,19 милиони денари промет на Берзата: Комерцијална банка убедливо најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.989,30 поени. Во однос
Go toTop