„Еуроњуз“: САД го блокираат влезот на Косово во СЕ до промена на ставот за ЗСО

January 31, 2023
1 min read

Српската редакција на „Еуроњуз“ денеска објави дека САД апелирале одредени земји-членки на Советот на Европа (СЕ) да спречат влез на Косово во СЕ, сè додека Приштина не го смени ставот за формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО).

„Еуроњуз“ повикувајќи се на дипломатски извори објави дека министерствата за надворешни работи на одредени европски земји членки на СЕ, добија нота од амбасадите на САД во која се наведува дека Вашингтон смета дека прашањето за пристапување на Косово во СЕ не треба да биде ставен на дневен ред на Комитетот на министри на Советот на Европа.

– Според нашите сознанија, САД бараат прашањето за членството на Косово во Советот на Европа да не биде ставено на дневен ред додека Косово не донесе поконструктивен став за ЗСО, што би го отворило патот за предлог на основен договор меѓу Белград и Приштина, посочува „Еуроњуз“.

Според медиумот таквиот став на САД е договорен со Италија, Франција и Германија.

Косовските власти во мај минатата година поднесоа барање за членство во Советот на Европа.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пенов: Општините бараат државни пари, а сопствените ресурси не ги користат

Следно

Ериксен три месеци надвор од терените

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска во Вашингтон: Фокус на продлабочување на финансиската соработка со САД

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска во Стејт департментот оствари работна средба со заменик помошник-државниот секретар задолжен за Европа, Даниел Џ. Лоутон. На средбата биле разгледани понатамошните активности во рамки на Стратешкиот

Се сретнаа Си Џинпинг и Лавров: Мора да ги штитиме заедничките интереси

Русија е подготвена да го зголеми количеството енергија што го извезува во Кина пред очекуваната посета на претседателот Владимир Путин, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференција во
Go toTop