Училиште од Ѓорче Петров доби техничка опрема преку која ќе учат за важноста на животната средина

January 30, 2023
1 min read

Градоначалникот на Ѓорче Петров денеска заедно со преставниците од GLOBE го потпишаа Договорот за трајно користење на опремата за спроведување на GLOBE Програмата, светски проект според кој учениците учат за важноста на животната средина преку секојдневни мерења и набљудувања.

-ООУ „Мирче Ацев“ е едно од 27 – те основни и средни училишта во државата што добиваат техничка опрема на трајно користење без надомест, а на ваков начин остваруваме една важна и благородна мисија во две области од клучно значење за нашата иднина – заштита на животната средина и едукација на учениците како да ја зачуваат и да обезбедат квалитетен живот, рече денеска првиот човек на општината. 

Програмата предвидува редовни и континуирани мерења и набљудувања на учениците во непосредна близина на училиштето под водство на нивните наставници кои претходно беа обучени за спроведување на Програмата.

Важноста на програмата GLOBE во наставните програми кај децата е голема и ќе овозможи постигнување нови успеси и меѓународно признати резултати, порачаа од локалната самоуправа. 

-Горд сум што општината Ѓорче Петров е дел од ваквите проекти каде децата ќе можат да се едуцираат во однос на зачувувањето на животната средина, којашто е еден од главните фактори за здрав живот и здраво општество, додаде градоначалникот Стојкоски. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кремљ ги негира тврдењата на Борис Џонсон дека Путин му се заканувал со ракетен напад

Следно

ЕУ и СЕ продолжуваат да им помагаат на земјите кандидати во реформските процеси

Latest from Blog

Изградбата на гасниот интерконектор влегува во клучна фаза со пристигнувањето на првите цевки

Со пристигнувањето на првите пратки цевки од реномираниот европски производител „Corinth Pipeworks“, изградбата на гасниот интерконектор влегува во нова и значајна фаза на теренска реализација, информира АД за вршење на енергетски дејности

РИЗИЦИТЕ И ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ЈП „ПАЗАРИ“ БИТОЛА

ЈП „Пазари“ Битола како претпријатие има основна цел и задачи да ја одржува стабилна финансиската состоја на претпријатието преку максимална искористеност на пазарните капацитети и деловниот простор со кој располага претпријатието, со

Зеленски објави што ќе разговара со Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се сретне со својот американски колега Доналд Трамп во Флорида во недела за да разговараат за територијалните прашања, што е главна пречка во мировните преговори, додека мировниот

Ѓорѓиевски: До април 40 нови камиони за „Комунална хигиена“, до првата половина на годината нови автобуси

Четириесет нови камиони за „Комунална хигиена“ ќе бидат набавени до април, најавува градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски. Дел од нив ќе бидат набавени преку јавна набавка за што се обезбедени средства во
Go toTop