Менаџерот на Ливерпул, Андони Ираола, смета дека исклучувањето на Рајан Гравенберх било клучниот момент во поразот од Манчестер сити со 0-3 на „Енфилд“. Гостите постигнаа три гола за 13 минути, откако домашниот тим остана со играч помалку.
Гравенберх во 62-та минута го доби вториот жолт картон, по што целосно се промени текот на натпреварот. Ерлинг Халанд, Жереми Доку и Рајан Шерки ја искористија предноста на Сити и му донесоа убедлива победа.
„Мислам дека одигравме два различни натпревари – еден до црвениот картон и друг по него. Во првите 60 минути фудбалерите беа многу добри, но потоа Сити беше подобар од нас“, изјави Ираола.
Стратегот на Ливерпул особено го оспори првиот жолт картон на холандскиот играч за врска, сметајќи дека прекршокот не бил доволен за таква казна.
„Првиот жолт картон беше само удар во прстот. Тоа беше нормален прекршок. Токму тогаш вршевме поголем притисок, имавме моментум и публиката беше зад нас“, додаде тој.
И покрај убедливиот пораз, Ираола истакна дека е горд на своите фудбалери и на прикажаното пред исклучувањето.
Извор: sportmanija.mk


