Укината специјалната единица чии полицајци се обвинети за убиството на Тајр Николс

January 29, 2023
1 min read

Единицата била основана во октомври 2021 година со фокус на сериозни кривични дела, како што се кражби на автомобили и прекршоци поврзани со банди, но како што објавија американските медиуми, имало многу поплаки за нивното постапување

Полициската управа во Мемфис ја распушти таканаречената специјална единица „Скорпион“, чии полицајци беа обвинети за убиството на Тајр Николс.

„Скорпион“ е единица чија задача била да ги надгледува улиците со цел да се врати мирот и безбедноста во соседството. Единицата ја сочинувале 50 полицајци, но откако петмина од нив до смрт претепаа 29-годишник, таа ќе биде распуштена.

Во соопштението до медиумите, полицијата вели дека во сечиј интерес е трајно да се деактивира таа единица.

Семејството на Николс ја поздрави одлуката. Преку адвокатот рекоа дека одлуката е соодветна за трагичната смрт на Тајр Николс и пристојна и праведна за сите граѓани на Мемфис.

Единицата е основана во октомври 2021 година со фокус на сериозни кривични дела, како што се кражби на автомобили и прекршоци поврзани со банди, но како што објавија американските медиуми, имало многу поплаки за нивното постапување.

Петте полицајци, Тадариус Бин, Деметриус Хејли, Дезмонд Милс Јуниор, Емит Мартин Трети и Џастин Смит, беа отпуштени минатата недела.

Тие беа приведени во четвртокот и секој од нив се соочува со обвиненија за убиство од втор степен, тежок напад и киднапирање.

Вчера беа објавени видеоснимки на кои се гледа како петмина полицајци крвнички го претепуваат 29-годишниот Тајр Николс, кој подоцна им подлегна на повредите. На една од снимките се забележува како Николс лежи на стомак, а полицајците прскаат со спреј во неговото лице. Друга снимка покажува како го шутираат додека тој во плач ја повикува својата мајка.

Видеата покажуваат агресивна ескалација на насилството насочено кон возач за кој полицијата првично рече дека бил запрен поради загрозување на сообраќајот. Шефот на полицијата подоцна изјави дека причината за застанувањето не е поткрепена со докази.

Во повеќе американски градови, вчера, се одржаа протести по јавното објавување на видео снимки на кои се гледа како пет полицајци го тепаат Тајр Николс. Демонстрантите кои маршираа низ центарот на Мемфис ја поздравија одлуката кога слушнаа дека единицата е распуштена.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Приватните превозници во понеделник на протест, им префрлиле само 5.000 денари

Следно

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози

Latest from Blog

Jala Brat и Buba Corelli на барање на македонската публика закажаа втор концерт во СЦ „Јане Сандански“!

По рекордно распродадениот прв концерт од најавената GOAT TOUR, Jala Brat и Buba Corelli на 28 ноември на барање на македонската публика закажуваат втор концерт во СЦ „Јане Сандански“!  Енергија, хитови и

Компанијата „Гунвор“ ја повлекува понудата за купување на „Лукоил“

Министерството за финансии на САД претходно објави дека САД нема да му издадат лиценца за работа на „Гунвор“ додека трае конфликтот во Украина. Министерството изјави дека претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно

Проданоски: Грижата за најмладите останува наш врвен приоритет

Во Општина Прилеп денес беше презентиран уште еден реализиран проект во насока на подобрување на образовната инфраструктура. Во ООУ „Добре Јованоски“ целосно е реконструиран дотраениот помошен објект во задниот двор на училиштето,

Тухел изненади со повикот на Вортон од Кристал Палас

Селекторот на фудбалската репрезентацина на Англија, Томас Тухел за квалификациските мечеви против Албанија и Србија на својот список стави имиња кои ја изненадија јавноста на Островот. Адам Вортон првотимецот на Кристал Палас

Божиновска во Атина: Македонија ја зацврстува позицијата во енергетската дипломатија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествуваше на P-TEC енергетскиот форум во Атина, каде што го претстави ставот на Македонија како активен и доверлив партнер во регионалната енергетска соработка
Go toTop