ВИДЕО: Полициска акција како на филм, српските полицајци уапсија опасен криминалец во Белград

January 27, 2023
1 min read

Жител на Белград Р.А (25) е уапсен вчера во филмската бркотница по него, бидејќи со уште три лица пробале да извршат грабеж во една работилница во Нов Белград, дознава српски „Блиц“.

Како што дознава „Блиц.рс“ на неговото апсење претходело и обид за грабеж.

-Грабежот e спречен од надзорникот, а криминалците му се спротиставиле. Избегале од работилницата, влегле во автомобил и го прегазиле надзорникот како и неколку случајни минувачи, вели извор за „Блиц“.

Тие веднаш по немилиот настан се дале во бегство. Известена била српската полиција, која веднаш тргнала во координирана филмска акција.

-При бегството низ Белград осомничените со својот автомобил почнале да возат лудо, а полициските службеници биле веднаш до нив при што дошло до благ судар. Осомничените биле фатени кај Дунавска улица, додава добро известен извор за српскиот портл.

Меѓутоа полицијата тогаш дошла до шокантно сознание. Главниот осомничен бил бегалец по кого биле распишани дури три потерници и девет потраги.

-Тој е познат криминалец и порано бил апсен поради тоа, вели изворот за српски Блиц.

Видеото може да го погледнете ТУКА

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Силјановска: Оваа власт е нелегитимна, премиерот и најголемиот дел од министрите не биле на избори, затоа се потребни избори!

Следно

Затвореник крадел во Кисела Вода, го признал делото

Latest from Blog

Катастрофа во Непал: Стотици загинати и исчезнати, меѓу кои околу 300 странски туристи (ВИДЕО)

Најмалку 95 лица загинаа, објави Би-Би-Си, додавајќи дека меѓу 384 исчезнати се 105 Индијци и 12 Британци, како и 111 лица чии националности сè уште не се потврдени. Ненадејните поплави во Непал
Go toTop