Хет-трик на Нкунку во дебаклот на Ајнтрахт Франкфурт (Видео)

October 10, 2026
1 min read

Лајпциг продолжи со убедливите настапи и по репрезентативната пауза, откако на домашен терен го прегази Ајнтрахт Франкфурт со неверојатни 6-0 во натпреварот од петтото коло во Бундеслигата. Во центарот на вниманието беше Кристофер Нкунку, кој постигна три гола и беше најзаслужен за убедливиот триумф на тимот од Саксонија.

Домаќините го најавија убедливиот триумф уште во првата минута. Бансузи одлично ја следеше акцијата на своите соиграчи и ја затресе мрежата на гостите за рано водство на Лајпциг.

Потоа на сцена стапи Нкунку. Напаѓачот, кој настапува како позајмен фудбалер од Милан, во петтата минута ја искористи асистенцијата на Нуса од левата страна и зголеми на 2-0. До крајот на првото полувреме Французинот постигна уште два гола, во 41-та и во 44-та минута, комплетирајќи хет-трик и носејќи му на својот тим огромна предност од 4-0.

Лајпциг не застана ниту по паузата. Само девет минути по почетокот на второто полувреме, Нуса се запиша меѓу стрелците со силен удар во поблискиот агол за дополнително зголемување на предноста.

Домашниот состав имаше можност да слави и поубедливо. Андрија Максимовиќ не успеа да ја искористи својата шанса во 62. минута, додека Вандерворт осум минути подоцна спречи Ајнтрахт да постигне барем почесен гол.

Конечните 6-0 ги постави Гомис во 89-та минута, за целосен дебакл на гостите од Франкфурт.

Извор: sportmanija.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димовска: Условната осуда со надзор не значи дека сторителот останал неказнет

Следно

Pse LDK-ja nuk e votoi ndryshimin e ligjit për Specialen? Flet Saim Tahiraj

Latest from Blog

Димовска: Условната осуда со надзор не значи дека сторителот останал неказнет

Пробацијата не претставува привилегија или неказнивост, туку начин на извршување санкција под надзор, со цел осуденото лице да се ресоцијализира. Ова го порача претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, во

Американец се забарикадирал во домот и уби девет лица. Меѓу нив деца и бремена жена

Напаѓачот бил пронајден мртов по извршеното дело, пренесува „Њујорк пост“. „Една од најстрашните сцени со кои сме се соочиле“ „Сакам да бидам целосно искрен со јавноста – ова е една од најтешките
Go toTop