Лефков: ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од техничка влада, само ДУИ да нема технички премиер

November 24, 2023
1 min read

реклама


ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од техничка влада, само ДУИ да нема премиер. Ова го кажа Миле Лефков од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ, како најодговорна политичка партија кон граѓаните и државата е спремна да се откаже од техничка влада, само ДУИ – дувлото на криминалот да нема технички премиер.

реклама

ДУИ со месеци е во епицентарот на сите криминални скандали кои ја тресат Македонија, партија во која не остана неискомпромитиран и не криминализиран кадар не може да го даде техничкиот премиер на државата.

Од Артан Груби и дуќаните на брат му, хотелите на Шапка, и коцкарските закони, до милионските кирии кои ќе ги плаќа Лотарија, до најкриминалниот политичар во Македонија.

реклама

Бујар Османи кој сака да остане во ракавици е фатен како дава милионски тендер на партиски донатор на ДУИ.

Семејството на Ахмети плива во бизниси и милионски зделки.

реклама

ДУИ е партија која е поим за незаконско работење. Најнов пример за тоа е и непријавениот имот на директорот на Градежниот инспекторат Фатмир Арифи, кој фатен во незаконско постапување ги обвини вработените во инспекторатот затоа што тој не го пријавил имотот. Или поедноставено, кабелот е крив повторно.

И кога ќе сакаат да се вадат низ призмата Албанците се нападнати, нека си признаат дека Албанците 7 години по ред ги напаѓаат токму тие, зошто заради нив Албанците се иселуваат исто како и Македонците. Мајките, сопругите и децата, Албанки исто како и Македонки плачат за своите најмили кои заради нив морале да се иселат од Македонија.

Дополнително мора да се нотира и дека техничките влади се крајно неефикасни и нефункционални, во два наврати во минатото и во 2016-тата и во 2020-тата година видовме дека граѓаните имаат повеќе штета.

Време е Македонија да има функционални влади.“, рече Лефков.

реклама



MARKETING

MARKETING

Претходно

Израелската војска отвори оган врз цивилите кои се враќаа кон северна Газа, еден загинат, повеќемина ранети

Следно

Театарска ултра комедија ,,Сега му е мајката” вечерва во Центарот за култура во Тетово

Latest from Blog

Како Турција стана доверлив глобален посредник за мир во конфликтните зони

ИСТАНБУЛ (АА) – Значајната улога на Турција како меѓународен посредник повторно е во центарот на вниманието бидејќи Истанбул се подготвува да биде домаќин на нов, и потенцијално историски, круг мировни преговори меѓу

Израелскиот министер Коен: Планот за протерување на Палестинците од Газа „сè уште е на маса“

ЕРУСАЛИМ / АНКАРА (АА) – Израелскиот министер за енергетика Ели Коен денес изјави дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп за раселување на Палестинците од Појасот Газа „останува на маса“, пренесува Анадолу.

Mакедонија 2025: По најавениот градежен бум, инвестициите за да не бидат промашени, мора да се во корист на бизнисот

Отворено, без да се поштеди никој и без вообичаената воздржаност карактеристична за вакви собири, извршната директорка на „Македонија 2025“ Никица Мојсовска Блажевски кажа дека сè уште немаме консензус каква пазарна економија сакаме,

Македонија чита! Рекордна посетеност на Саемот на книга во Скопје, остануваат уште два дена

37-то издание на Саемот на книга во Скопје ќе остане запаметен по многу нешта. Прво по убавата енергија, ентузијазмот и еуфоријата која беше забележана кај илјадници луѓе од сите генерации, пред сѐ
Go toTop