Над 3,5 милиони денари инвестирани во градинката „Весели Цветови“ во Кисела Вода

January 24, 2023
1 min read

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски објави дека биле инвестирани над 3,5 милиони денари во објектите на градинката „Весели Цветови“.

– Инвестициите во раниот детски развој кои овозможуваат поттикување на интелектуалните способности, го стимулираат логичкото мислење и ја подобруваат моториката се неопходност која е влог во интелектуалниот, општествениот и емоционалниот напредок на децата, информира Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски информира дека биле обезбедени нови постелнини, кујнска опрема, а се прават и инфраструктурни подобрувања.

– Обезбедивме и нови постелини и кујнска опрема, а паралелно правиме и инфраструктурни подобрувања секаде каде што има потреба. Објектот ,,Сончоглед” во кој денес се наоѓаме, после половина век добива и нови енергетско-ефикасни прозорци, а вакви зафати кои на директен начин влијаат на подобрување на квалитетот на предучилишното воспитание и образование, се планирани и во другите градинки на територија на општина Кисела Вода. Јавниот систем на воспитување и едукација го градиме на високи стандарди, нешто што предучилишните институции кои се под надлежност на нашата општина секако ќе им го овозможат на нашите најмлади жители, напиша градоначалникот.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тадиќ: Власта во Србија покажа целосна неспособност да се соочи со косовскиот проблем

Следно

Столтенберг e убеден дека наскоро ќе има решение за испораката на германските тенкови во Украина

Latest from Blog

Трамп: Блокадата е поефикасна од бомбите – Иран се задушува

Трамп изјави за израелскиот Канал 12 дека поморската блокада е „поефикасна“ од бомбардирањето и дека Иран се „задушува“, објави „Тајмс оф Израел“. Американскиот претседател рече дека Иран очајно сака договор за укинување

Познатите говеда од Кривопаланечко одат на лицитација, 21 грло угинало по заловувањето

Државата ќе продава 71 говедо од познатиот кривопаланечки случај, стадо кое со години предизвикуваше реакции кај жителите, институционални препукувања и прашања за тоа како толкав број животни можеле да се движат без

Николоски: Автопатот Охрид–Кичево се гради со полна пареа и ноќе

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, доцна вечерва извршија увид во градежните активности на автопатот Охрид–Кичево. Николоски информираше дека
Go toTop