Две групи затвореници се тепале за Нова година во затворот Идризово

January 5, 2023
1 min read

Да се расчисти инцидентот од 31 декември во затворот Идризово, кога полициски службеници одвојувале две групи затвореници што се степале, побара денеска на прес-конференција, претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев Тодев.

Тој рече дека Независниот синдикат на полицијата, под кој спаѓа и Независниот синдикат на затворска полиција и администрација, будно го следи овој случај.

– На 31 декември се случил проблем во затворот Идризово, постапката се уште не е завршена, се анализира видео надзорот. Истрагата е во тек. Има телефонски видео снимки излезени од затворот, но, официјално се уште нема ништо. Ако полицаец е на работно место и бил со задача да одвои групи што се степале, зошто би одговарал полицаецот?, нагласи Делчев Тодев.

Тој додаде дека изгледа, во пракса, наједноставно е, вината да се префрли на полицискиот службеник и тој да одговара. Но, тој наведе дека овој синдикат нема да го дозволи тоа. Тој рече дека веќе биле алармирани адвокатски тимови и се работело на расчистување на случајот.

Во овој синдикат членуваат 207 полицајци од затворскиот систем Идризово.

Тој побара од надлежните, кога ќе има официјални информации, да излезат со нив во јавноста, за да нема шпекулации.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Следно

Украл возило од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и удрил во бетонски столб

Latest from Blog

“СЕКС БЕЗ ОБВРСКИ“ модерен термин за стара навика која СОЗДАВА ПРОБЛЕМ ОСОБЕНО КАЈ ЖЕНИТЕ

Современата сексуална култура им ветува на жените ослободување и автономија, но истражувањата и искуствата од реалниот живот ја откриваат неочекуваната цена на сексуалната авантура во новите, “современи“ услови небаре претходно тоа не

Папата Лав во посета на Либан: „Останете во вашата земја, изберете помирување“

Папата Лав XIV денес ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките политички и секташки поделби
Go toTop