Стефковски: Ќе се отстранат сите дивоградби во Гази Баба за кои има соодветни пријави

October 20, 2023
1 min read

реклама


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска на настанот по повод отварањето на дневен центар за лица со попреченост, на новинарско прашање во врска со дивоградбите во општината истакна дека нема да дозволи дивеење во Гази Баба и оти законот ќе важи подеднакво за сите.

– Секторот за инспекциски надзор постапува по неколку пријави, вклучително и по пријавата за дивоградбата која се наоѓа зад Поликлиниката и верувајте дека во Гази Баба нема да има толеранција и ќе го спроведеме овој закон до крај и во таа насока ќе се реализира отстранување на сите дивоградби за кои имаме соодветни пријави, рече Стефковски.

реклама

Во врска со проблемот со снабдувањето со парно греење на жителите од Автокоманда, Стефковски истакна дека одамна е запознаен со нивниот проблем и дека за него не е логично тоа што во сред грејна сезона им е променат снабдувач, односно од Енергетика се префрлени во ЕСМ.

– И во тој период и сега пуштив јас писмено барање, тогаш до енергетика, сега до ЕСМ, да направиме заеднички состанок со претставници од урбаната заедница Автокоманда и со претставнициод ЕСМ, со цел да изнајдеме соодветно решение, истакна градоначалникот и додаде дека барањето на жителите е да се вратат на претходниот снабдувач на енергетика.

реклама

Стефковски најави дека вечер повторно ќе има протест на кој ќе присуствуваат и претставници на ЕСМ и локалната самоуправа.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Израелската Влада одобри вонредна регулатива за затворање на „Ал Џезира“ во Израел

Следно

Израел призна дека оштетиле црква во бомбардирањето во Газа

Latest from Blog

Охридско езеро во фокусот на меѓународната соработка: средба Меџити – Агелер

Првите вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска оствари средба со амбасадорката на САД, Ангела Агелер, на која дискутираа за унапредување на соработката во заштитата и одржливиот развој на Охридското

Личната претставничка на генералниот секретар на ОН за кипарското прашање во посета на Кипар

 Личната претставничка на генералниот секретар на Обединетите нации за кипарското прашање Марија Анхела Олгин се очекува денеска да пристигне на Кипар, каде што утре ќе се сретне со кипарскиот претседател Никос Христодулидис,

ВЛЕН обвинува за системска корупција во МНР за време на мандатот на Османи

На прес-конференција, Арбер Кадриу од ВЛЕН-Чаир го обвини Министерството за надворешни работи за сомнителни, незаконски и исклучително скапи набавки за време на мандатот на поранешниот министер Бујар Османи. Документите што ги обезбеди
Go toTop