Манчини го прифати богатиот договор и станува селектор на Саудиска Арабија

August 25, 2023
1 min read

Роберто Манчини наскоро и официјално ќе биде претставен како нов селектор на Саудиска Арабија. Медиумите во Италија веќе две недели шпекулираа околу неговиот нов ангажман и веќе се чини дека стратегот ги договорил сите услови.

„Газета дело спорт“ пишува дека Фудбалската федерација на Саудиска Арабија му понудила сума од 77 милиони евра за четиригодишен ангажман во националниот тим. Манчини имал неколку услови, меѓу кои и можноста со себе да го земе комплетниот стручен штаб со кој работеше досега.

Саудијците без проблем прифатиле и му ветиле одлични услови за работа на новиот селектор, од кого ќе се очекуваат солидни резултати во иднина. Целта на тимот ќе биде пласман на Светското првенство во 2026 година, како и минување на групната фаза.

Роберто Манчини успеа да ја искачи Италија на европскиот трон после пет ипол децении, но потоа загуби од Македонија во баражот за Мундијалот во Катар. Неговото столче се „нишаше“ подолго време, а пред само две недели ја прекина соработката со италијанскиот национален тим.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Училиштето „Димитар Поп Георгиев – Беровски” во Хром со нови капацитети за учениците

Следно

Ковачевски: САД биле и ќе бидат со нас во сите клучни процеси, нов договор нема да има

Latest from Blog

Ана Ивановиќ и Ѓоковиќ повторно заедно?

Ана Ивановиќ и Новак Ѓоковиќ би можеле повторно да се сретнат за прв пат по долго време. На турнирот во Женева, најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ќе ги направи последните

Израелски напад врз центар на ОН за хуманитарна помош во северна Газа

ГАЗА / АНКАРА (АА) – Четворица Палестинци се убиени, а повеќемина се ранети вечерва во израелски воздушен напад врз објект за дистрибуција на хуманитарната помош на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации,

Турскиот претседател Ердоган им го честита Денот на Европа на европските граѓани

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им го честита на европските граѓани 9 Мај, Денот на Европа, јавува Анадолу. Според соопштението на профилот на социјалните мрежи на претседателската Дирекција за

Баер Леверкузен ја најде замената за Чаби Алонсо

Цеск Фабрегас е првиот кандидат за наследник на Чаби Алонсо на клупата на Баер Леверкузен. Шпанска „Марка“ откри дека германскиот клуб од неколку кандидати за приоритет го избрал Фабергас на местото на
Go toTop