Ескобар на средба со Пендаровски

August 24, 2023
1 min read

реклама



Заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар попладнево, со средба со претседателот Стево Пендаровски, ја почна дводневната посета на државава.

Според најавите, во тек на престојот во Скопје Ескобар утре треба да се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, како и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

реклама

Доаѓањето на Ескобар во Скопје следува по започнувањето на собраниската процедура за усвојување на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот како услов земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија.

Високиот американски дипломат во дебата за Западен Балкан во Конгресот на САД, одржана во текот на јули годинава, изјави дека САД силно го поддржуваат процесот на уставните измени и се ангажирани со новата влада во Софија да осигураат дека нема да поставува нови барања на европскиот пат на земјава.

реклама

-За да ги унапреди своите аспирации за ЕУ, Владата на Северна Македонија е посветена да се спроведат уставни измени за признавање на бугарското малцинство. Силно го поддржуваме овој тежок, но неопходен чекор, а исто така сме ангажирани со новата влада на Бугарија за да се осигураме дека нема да поставува нови барања откако Северна Македонија ќе ги исполни своите обврски од постоечките договори, рече Ескобар на дебатата во Конгресот на која го презентираше извештајот за ангажманот на САД на Балканот.

реклама

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приведен криминалец баран со потерница

Следно

Невреме во Градско

Latest from Blog

Нов закон за пушење: Забрана за пушење во автомобил во присуство на дете, но забранети ќе бидат и електронските

Се подготвува нов закон за заштита од пушењето, со кој се предвидува драстично заострување на државната политика кон пушењето цигари, но и воопшто кон тутунските производи, објави денеска ТВ Телма. Според нацрт-законот

Славески: Нема раст на домашните цени, инфлацијата дојде од странство

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, изјави дека нивото на домашните цени во декември 2025 година останало непроменето, и покрај тоа што месечната инфлација во однос на ноември изнесува 0,4 отсто. Според

ВЛЕН обезбедува подобро наводнување за земјоделците во Гостивар и Врапчиште

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство од редовите на ВЛЕН, Албрим Хоџа, денеска го следеше почетокот на работите за чистење на каналите за наводнување во неколку населени места во регионот на Гостивар

АФКОН: Сенегал преку Мали до полуфиналето!

ФОТО: TotalEnergies Africa Cup of Nations/FB Селекцијата на Сенегал е првиот полуфиналист на АФКОН откако доцна попладнево во првиот 1/4 финале, во Танџер, успеа да ја победи репрезентацијата на Мали со 1:0.

САД запленија нов танкер во Карибите, петти по ред

САД го запленија танкерот „Олина“ во Карибите, петтиот брод погоден во последните недели, додека Вашингтон ги засилува напорите за ограничување на извозот на венецуелска нафта, соопштија американски официјални лица во петокот. Според
Go toTop