„Подгответе се за нас“, порачаа соборците на Пригожин – конвои на Вагнер ја напуштаат Белорусија и одат кон Русија?

August 24, 2023
2 mins read

Украинскиот национален центар на отпор објави дека конвои на Вагнер веќе ја напуштаат Белорусија и се упатуваат кон Русија. Веста ја пренесе и Би-би-си, истакнувајќи дека се уште нема официјална потврда. Се додава дека сите мобилни мрежи во близина на базните кампови на Вагнер се во прекин

Откако беше потврдено дека шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, загинал во авионска несреќа во Русија, каналите на Телеграм поврзани со Вагнер најавија брутална одмазда.

„Отворено кажуваме дека главните осомничени за смртта на Пригожин седат во Кремљ. Државниците на чело со Путин се обиделе да го убијат. Сите се прашуваат што ќе правиме ако се потврди смртта на Пригожин. Само едно ќе ви кажам – подгответе се за нас! Ќе организираме втор марш кон Москва“,

објавено е на каналот Зелена зора.

Украинскиот национален центар на отпор, пак, објави дека конвои на Вагнер веќе ја напуштаат Белорусија и се упатуваат кон Русија.

Извори во Белорусија велат дека некои од базните кампови на Вагнер биле демонтирани во текот на ноќта од среда кон четврток и дека членовите на приватната воена група формирале конвои за да ја напуштат земјата.

„Колоните најверојатно одат кон границата со Русија“,

соопштија од Центарот.

Според извори на Центарот во Белорусија, белоруската влада не го одобрила повлекувањето на групата платеници. Белоруските специјални служби наводно се обидуваат да ги пресретнат конвоите на границата.

Веста ја пренесе и Би-би-си, истакнувајќи дека се уште нема официјална потврда. Се додава дека сите мобилни мрежи во близина на камповите се во прекин.

Како што јави руската новинска агенција ТАСС, името на шефот на руските платеници Евгениј Пригожин е на списокот на загинати патници во приватен авион што се урна северно од Москва. Во него имало седум патници и тројца членови на екипажот, а летал од Москва за Санкт Петербург и се урнал во регионот Твер.

Во авионот, според ТАСС, биле и Сергеј Пропустин, Евгениј Макаријан, Александар Тотмин, Валери Чекалов, Николај Матјусеев и тројца членови на екипажот – пилотот на авионот Алексеј Левшин, копилотот Рустам Каримов и стјуардесата Кристина Распопова.

Руските власти соопштија дека веќе отвориле две истраги за падот на авионот на чиј список на патници бил и шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин.

Руската државна воздухопловна управа „Росавијација“ соопшти дека специјално формирана комисија започнала да ги истражува околностите и причините за уривањето на авионот „Ембраер-135“, што се случи во регионот Твер.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа рече дека „никој не треба да биде изненаден“ ако се потврдат извештаите дека основачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, бил во урнатиот авион.

„Ги видовме извештаите. Ако се потврди, никој не треба да биде изненаден. Катастрофалната војна во Украина доведе до марширање на приватна војска кон Москва, а сега – се чини – до ова“,

се вели во соопштението од портпаролот на Советот, Адриен Вотсон во соопштението.

На социјалните мрежи околу падот на авионот се огласи и Михаило Подољак, советник на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој на Твитер порача дека „во врска со Пригожин треба да се почека да се расчисти маглата на војната“.

„Сепак, јасно е дека Путин никому не простува за сопствениот ѕверски страв – оној што го поништи во јуни 2023 година – и го чекаше моментот. Очигледно е и дека Пригожин потпишал специјална смртна казна за себе во моментот кога поверувал во чудните ‘гаранции на Лукашенко’ и во не помалку апсурдниот ‘чесен збор’ на Путин“,

напиша Подољак.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Габриел Ескобар доаѓа во Скопје, ќе се сретне со Пендаровски, Ковачевски и Мицкоски

Следно

Русија тврди дека соборила украински беспилотни летала во нејзините региони Бријанск и Калуга

Latest from Blog

Марк Ферстапен се сели во Мерцедес?

Четирикратниот последователен шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, наводно одлучил да го напушти Ред Бул. Како што објави „Скај Италија“, Холанѓанецот ја прифатил понудата на Тото Волф да се пресели во Мерцедес.

Во неколку израелски напади низ Појасот Газа убиени 23 Палестинци

АНКАРА (АА) – Најмалку 23 Палестинци се убиени, а десетици се повредени рано утринава во серија израелски напади низ Појасот Газа, според палестински извори, јавува Анадолу. Израелски воени авиони го бомбардираа училиштето

Температури над 40 во Македонија – ИЈЗ со препораки за граѓаните

Лицата над 65 години или старите лица се посклони кон здравствени проблеми поврзани со топлината. Согласно националните и меѓународните препораки, старите лица се категоризирани како т.н. „ризична категорија“. Зошто? Бидејќи потешко се прилагодуваат

Во Загреб изложба на фотографии во чест на 50 години музичка кариера на Влатко Стефановски

Во Македонскиот културен центар во Загреб утре со почеток од 19 часот ќе биде отворена изложбата „The Vlatko Stefanovski Experience“, посветена на 50-годишната музичка кариера на Влатко Стефановски. Изложбата претставува избор од

Дејан Манасков доби нов договор

Битолскиот клуб и македонски шампион Е.Пелистер објави дека искусниот Дејан Манасков го продолжи договорот со овој клуб, „Шампионскиот ген на Дејан Манасков и следната сезона ќе ги радува навивачите на Еурофарм Пелистер.
Go toTop