Бајден изрази сочувство до семејствата на загинатите во хеликоптерската несреќа во Украина

January 19, 2023
1 min read

Американскиот претседател Џозеф Бајден изрази сочувство до семејствата на жртвите од хеликоптерската несреќа во Украина и додаде дека САД ќе му оддадат почит на загинатиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски, кој, како што рече, „континуирано бил посветен на зачувување на демократијата во Украина“.

„Ќе го почитуваме тоа наследство преку напорите да ги зајакнеме украинските институции, како и со нашето партнерство со народот на Украина за заедно да го одржуваме пламенот на слободата“, рече Бајден.

Најмалку 14 лица, меѓу кои и едно дете, загинаа вчера кога хеликоптер се урна во близина на градинка во киевското предградие Бровари. Во хеликоптерската несреќа загинаа и првиот заменик-министер за внатрешни работи Евхен Јенин и државниот секретар на Министерството Јуриј Лубкович.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЗНМ побара од Град Скопје да се унапреди транспарентноста и комуникацијата со новинарите

Следно

Мицкоски: Полукриминални групи под контрола на СДСМ и ДУИ вршат притисоци врз пратеници, нема да им успее и ќе зажалат за тоа

Latest from Blog

Војна за цензус во економско социјалниот совет – ССМ обвинува за удар од Владата, ВМРО-ДПМНЕ негира политичка заднина

Со измените на Законот за работни односи предложени од група владејачки пратеници, се предвидува да се намали цензусот за репрезентативност на синдикатите од 10 на 5% за членство во Економско социјалниот совет.

„Бог нека ги отвори границите, нека ги сруши ѕидовите“, рече папата Лав XIV критикувајќи ги националистичките политики

САРАЕВО (АА) – Папата Лав XIV денес ја критикуваше појавата на националистички политички движења во светот, нарекувајќи ги жални, но не именуваше ниту една земја или поединец, пренесува Анадолу. Папата Лав XIV

МВР ги демантира тврдењата за „софтвер за шпионажа“ – станува збор за форензички алатки

Министерството за внатрешни работи категорично ги отфрла како невистинити и неосновани тврдењата изнесени од страна на политичката партија СДСМ за наводна набавка на „софтвер за шпионажа“. Потенцираме дека станува збор за редовно
Go toTop