Вучиќ: Пред Србија тешка година, една од најтешките во поновата историја

January 18, 2023
1 min read

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Давос изјави дека Србија се соочува со критична година, веројатно една од најтешките во модерната историја на политички и економски план.

Тој за медиумите од Србија на Светскиот економски форум во Давос изјави дека од разговорот може да се види дека единственото нешто што сите ги интересира се санкциите против Русија и независноста на Косово.

Како што рече, в петок ќе се сретне со претставниците на Германија, Франција, САД, на Италија и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, и оцени дека тоа ќе биде „многу, многу, многу тежок разговор со светските најголемите сили“.

Тој додаде дека потоа ќе има консултации на државниот врв.

„В сабота и недела ќе и се обратиме на јавноста со нови мерки и ќе кажеме што се бара и очекува од Србија во однос на Косово и Метохија и санкциите против Русија“, рече Вучиќ.

Запрашан за изјавата на косовскиот премиер, Аљбин Курти, дека може да се постигне договор во следните неколку месеци доколку има волја, Вучиќ рече: „Тоа може да се направи задутре, доколку се откаже од своите сецесионистички намери“.

Тој додаде дека Европскиот парламент усвоил резолуција во која делот за Косово е многу попроблематичен од воведувањето санкции против Русија. Како што рече, тие го поздравија барањето за членство на Косово во ЕУ, повикаа на интензивирање на процесот на дијалог заснован на взаемно признавање и ги осудија ескалирачките потези на Србија, како и констатираа дека независноста на Косово е неповратна и ги повикаа земјите членки кои имаат не е признаено Косово да го сторат тоа. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стоиљковиќ: Во државата се случуваат низа на бесмислици затоа се неопходни предвремени избори

Следно

Јовица Стојановиќ е именуван за в.д. директор на Управата за извршување на санкции

Latest from Blog

Трамп доби совети од неговиот тим што побргу да ја заврши војната со Иран- се плашат од една работа

Во последните денови, помошниците наводно го советувале Доналд Трамп, претседателот на САД, да нагласи дека американската војска во голема мера ги постигнала своите цели и го советувале претседателот да соопшти план за

Средба на Божиновска со директорот на Енергетската заедница Лорковcки

Напредокот на државата во реформите во електроенергетскиот сектор, зајакнувањето на енергетската стабилност и сигурност на снабдувањето, интеграцијата на националниот пазар со регионалниот и европскиот енергетски пазар, како и забрзувањето на процесите на

Божиновска се сретна со директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница – Во фокус трансформацијата на македонскиот енергетски сектор

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со Артур Лорковски, директор на Секретаријатот на Енергетската заедница, на која се разговараше за следните чекори во трансформацијата на македонскиот
Go toTop