Очевидец на кобниот пад: Пилотот на хеликоптерот не ја видел висококатницата поради магла

1 min read

Вова, маж кој штотуку дошол да го земе својот седумгодишен син од училиштето во близина на градинката каде што се урна хеликоптерот, рече дека неговиот син го видел хеликоптерот низ прозорецот на училницата

Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Британски „Гардијан“ ги пренесува изјавите на очевидците на хеликоптерската несреќа во Бровари, недалеку од Киев. Како што објавија официјални лица, хеликоптерот се урнал во 8:20 часот по локално време, а зградата на Националната служба за итни случаи била уништена во пожар што избувнал по падот. Пожарникарите еден час подоцна го изгаснале пламенот.

Иван, 14-годишно момче кое живее во висококатница во улица „Лохунова“ на број 17, многу блиску до местото на несреќата, вели дека низ прозорецот на кујната го видел хеликоптерот како се приближува до соседната висококатница, лоцирана на број 18б.

„Не ја видоа висококатницата со број 18б поради маглата“, рекол Иван и додал дека „во еден момент хеликоптерот нагло почнал да се крева, но не успеал, а потоа наеднаш паднал“.

Вова, маж кој штотуку дошол да го земе својот седумгодишен син од училиштето во близина на градинката каде што се урна хеликоптерот, рече дека неговиот син го видел хеликоптерот низ прозорецот на училницата.

„Тој вели дека хеликоптерот бил во пламен во моментот на падот, му верувам“,

рече Вова.

Јулија, чии две деца исто така учат во истото училиште, но тој ден биле дома, вели дека слушнала како кружи хеликоптерот, а потоа и силна експлозија, за која верува дека била звук од пад.

„Не знам дали паднал врз градинката или делови од хеликоптерот паднале врз градинката, тешко ми е да кажам“,

изјави Јулија.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Продолжи редовното одржување на сообраќајната сигнализација на градските сообраќајници

Следно

Продажбата на автомобили во ЕУ во 2022 година на најниско ниво

Latest from Blog