ВИДЕО: Лудница во Севиља, се слави седмата титула во Лига Европа

June 2, 2023
1 min read

Десетици илјади навивачи на фудбалскиот клуб Севиља, предводени од градоначалникот Антонио Муњоз, излегоа вчера вечер на улиците на овој град на југот на Шпанија да го прослават освојувањето на трофејот во Лига Европа.

Севиља во средата во финалето одиграно во Будимпешта ја совлада Рома по подобро изведување пенали и по рекорден седми пат триумфираа во второто по ранг европско клупско натпреварување.

„Ви благодариме што ја исполнивте Севиља со радост“, рече Муњоз на приемот што за освојувачите на фудбалската Лига на Европа го организираше во градскиот совет.

Претседателот на шпанскиот прволигаш Хозе Кастро рече дека во минатото морепловецот Кристофер Колумбо носел сребро од Америка во градското пристаниште во Севиља, а сега тоа го прават неговите фудбалери.

„Ви благодарам на сите што ни помогнавте да го освоиме овој трофеј“, изјави пред насобраните навивачи тренерот на Севиља, Хозе Луис Мендилибар, кој седна на клупата на Севиља на средина од сезоната како привремено решение, а по големиот успех доби потврда од клупскиот претседател дека ќе ја предводи екипата и во следната сезона.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Руски власти: Регистрирани напади со дронови во областите што граничат со Украина

Следно

Вучиќ и неговата косовска колешка се сретнаа во Молдавија: ЕУ бара нови локални избори и формирање на ЗСО 

Latest from Blog

Исповед на несреќен маж„Половиот орган ми е како лименка и тоа ми го уништи животот. Жената побегна од мене“

„Кога растеш низ тинејџерските години, те уверуваат дека ако имаш голем полов орган, автоматски ќе бидеш успешен кај жените – а тоа е лага. Имав една сериозна врска, но таа жена секојпат

Бизонот Тајфун успешно вратен во Националниот парк Фрушка гора

Бегството на бизонот Тајфун од Националниот парк Фрушка гора заврши успешно – животното е пронајдено и вратено во својот ограден дел. Од управата на паркот информираа дека пожарникарите и надлежните служби континуирано

Ѓорѓиевски најави конкретна поддршка за волонтерските програми на Црвениот Крст

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со генералниот секретар на Црвениот Крст на Македонија, Саит Саити, секретарката на Црвениот Крст на град Скопје, Сузана Тунева-Пауновска и стручната служба. На
Go toTop