Продолжен притворот на таткото на момчето кое го изврши масовното убиство во „Владислав Рибникар“

June 2, 2023
1 min read

Во тек е и предистражна постапка против мајката на момчето која треба да утврди дали во нејзините дејствија има елемнти на кривичното тело запуштање и злоупотреба на дете, како и проверки во стрелачкиот клуб каде таткото и синот вежбале да стрелаат од огнено оружје

Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот за уште 30 дена на таткото на момчето кое на 3 мај изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“, во кое животите ги загубија десет лица, а шестмина беа ранети, јавуваат српските медиуми.  

Притворот е продолжен од страна на Вишиот суд во Белград на предлог на обвинителството/Фото: РТС

Притворот, како што се наведува е продолжен на предлог на обвинителството, поради посебни околности кои укажуваат на опасност обвинетиот моѓе да го повтори делото доколку се најде на слобода, соопштиле од судот.  

„Со оглед дека постои основано сомневање дека обвинетиот сторил кривично дело за кое е пропишана казна затвор од над десет години, како и начинот на извршување и тежината на последиците од кривичното дело кои предизвикаа вознемиреност во јавноста може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка“,

се додава во образложенито на судот во врска со причините за продолжување на притворот.

За потсетување, обвинетиот В.К. беше уапсен откако неговиот син, кој, според законот, не може да одговара кривично бидејќи е малолетник кој не наполнил 14 години, извшри масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградската населба Врачар.  

Истовремено во тек е и предистражна постапка против мајката на момчето која треба да утврди дали во нејзините дејствија има елемнти на кривичното тело запуштање и злоупотреба на дете, како и проверки во стрелачкиот клуб каде таткото и синот вежбале да стрелаат од огнено оружје.  

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Се венчаа јорданскиот престолонаследник Ал Хусеин и саудиската архитектка Раџва

Следно

Руски власти: Регистрирани напади со дронови во областите што граничат со Украина

Latest from Blog

Коњановски: Новата шампионска приказна ја пишуваме заедно со навивачите

Денеска, на платото пред спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, се одржа фан-зоната пред натпреварот Еурофарм Пелистер – Загреб, која собра голем број навивачи и симпатизери на тимот. Настанот започна во 18:45

Во Србија пензискиот фонд објави јавна набавка на систем за апликации што ќе користи ВИ

Српскиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО) ќе користи вештачка интелигенција за масовна обработка на документи и други задачи, што треба да им обезбеди на корисниците на услугите и вработените во

Кристијан Ериксен се договори со Волфсбург

фото: Florian Plettenberg (X) Данскиот репрезентативец и бивш фудбалер на Манчестер Јунајтед, Кристијан Ериксен конечно си најде нов клуб. 33-годишниот данец ќе стане нов фудбалер на Волфсбург. Откако ја прекина соработката со

Поплави на Бали, девет лица загинаа

Поплавите на индонезискиот остров Бали одзедоа најмалку девет животи оваа недела, блокирајќи ги главните патишта во главниот град и нарушувајќи го животот во прометната туристичка дестинација, соопштија денес официјални лица. Обилните дождови
Go toTop