Во жесток руски напад тешко оштетено пристаништето во Одеса

May 29, 2023
1 min read

Само преку пристаништата во регионот Одеса Украина може да извезува житарки и други прехранбени производи како дел од иницијативата за снабдување со жито

Во напад на руски дрон во текот на ноќта е оштетена дел од инфраструктурата во украинското црноморско пристаниште Одеса, што е клучно за извозот на жито, соопшти украинската војска. Како резултат на ударот, избувнал пожар во пристанишната инфраструктура на Одеса кој брзо бил изгаснат. Се собираат информации за степенот на штетата, објави на Фејсбук Јужната команда на војската.

Армијата не прецизираше дали штетата во пристаништето го загрозува извозот на жито. Само преку пристаништата во регионот Одеса Украина може да извезува житарки и други прехранбени производи како дел од иницијативата за снабдување со жито.

Обединетите нации и Турција посредуваа во Црноморскиот договор за жито во јули минатата година, првично договорен за првите 120 дена, за да помогне во решавањето на глобалната криза со храна, влошена со руската инвазија на Украина, еден од водечките светски извозници на жито.

Договорот, кој беше продолжен овој месец, има за цел да гарантира безбеден извоз на жито и храна од трите украински пристаништа – Одеса, Чорноморск и Пивдени. Украинската војска соопшти дека руските сили користеле беспилотни летала „шахед“ од иранско производство во нападот, но не беа објавени детали.

Русија во раните утрински часови започна бран воздушни напади со беспилотни летала и крстосувачки ракети против различни цели, вклучувајќи го и главниот град Киев. Воената администрација на главниот град соопшти дека одбранбените сили собориле повеќе од 40 цели.

Ова е втора ноќ по ред како Русија го напаѓа главниот град на Украина.

На Денот на градот Киев, Украина собори 58 од 59 лансирани беспилотни летала од иранско производство, објави украинската војска, прогласувајќи го за еден од најголемите напади досега.

Фото: EPA-EFE/STR

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Голем број светски лидери му ја честитаа изборната победа на турскиот претседател Ердоган

Следно

„Простор за разговор“ во рамки на Националната турнеја во Неготино и Гостивар

Latest from Blog

ВИДЕО: Бугарски пратеници се степаа по одлуката за преминување на евро

Тепачка се случи денеска во Парламентот на Бугарија околу одлуката за приклучување на земјата кон Еврозоната, а некои од парламентарците ги повикаа поддржувачите на зачувувањето на националната валута левот да го блокираат

Захарова: Веруваме дека Србија е целосно свесна за ризикот од снабдување на Киев со муниција

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија е уверена дека Србија е целосно свесна за ризиците поврзани со пад на нејзините воено-индустриски производи во рацете на режимот

Ристески во Отворено: Нема опасност од намалување на прагот на репрезентативност на синдикатите од 10 на 5%

Претседателот на Конфедерацијата на Синдикални Организации на Македонија, Марјан Ристески во Отворено рече дека предлогот за намалување на прагот на репрезентативност на синдикатите од 10 на 5% не е опасен. Според него,

Арсенал се разделува со 20 играчи

Вицешампионот на Англија, Арсенал, објави список од 20 играчи со кои се разделува. Меѓу играчите се оние од првиот сениорски машки тим, но и играчи од академијата на тимот, како и играчи
Go toTop