Ќе му зготви ли Пригожин бунт на Путин?

May 28, 2023
1 min read

Поранешниот руски командант Игор Гиркин тврди дека Русија во иднина може да се соочи со побуна од Вагнер групата и нејзиниот лидер Евгениј Пригожин.

Вагнер се едни од најпосветените и најефикасни војници кои се борат на руска страна а Пригожин има блиски односи со рускиот претседател. Вагнеровци се доста видливи во тековниот конфликт во Украина, особено во битката за Бахмут, во која Пригожин призна дека илјадници негови луѓе биле изгубени.

Тој неодамна објави дека неговите борци ќе се повлечат од Бахмут до 1 јуни, предавајќи им „позиции, муниција, вклучително и суви оброци“ на регуларните руски војници.

Притоа, олигархот познат како „готвачот на Путин“ (неговите ресторани обезбедуваат кетеринг за Кремљ) упати непријатни критики кон високите воени лица за нивното справување со Бахмут и оцени дека инвазијата има дадено контра-ефект.

„Во однос на демилитаризацијата…ако на почетокот на специјалната операција имаа 500 тенкови, а [сега] имаат 5.000 тенкови“, го пренесува Њусвик. „Ако имаа 20.000 луѓе обучени за борба а сега имаат 400.000 луѓе, како ги демилитаризиравме?

Со ваквите коментари, според Гиркин, некогашен воен командант на сепаратистичките сили во Донбас, Пригожин прави терен за евентуален бунт и пуч на Вагнер во Кремљ.

Гиркин проценува дека изгледите за бунт зависат од рускиот одговор на претстојната украинска контра-офанзива и дека ако Русија доживее сериозни порази на фронтот, политичката ситуација во Русија може значајно да биде сменета до крајот на летото.

 

 

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Се одржа седмото издание на „Вози право, вози здраво” 28.5.2023

Следно

Избори во Туркије: Киргизите во Ван гласаа облечени во народни носии

Latest from Blog

Се празнува Курбан Бајрам – честитки до граѓаните од државниот врв

По повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, упати честитка до верниците од исламска вероисповед, посебно обраќајќи му се на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис-ул-улема х. хфз.

Во Прилеп свечено ќе биде отворен 59. театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

Со доделувањето на наградите за животно дело и со претставата „12“ на МНТ вечер во Прилеп свечено ќе биде отворен 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. На сцената од Домот на културата

Загрижувачки случаи на врсничко насилство – системот често доцни со реакција

Дете со попреченост удирано и навредувано од соученик, 15годишно девојче истепано од група на соученички а снимката споделена на социјалните мрежи, третоодделенки малтретирале соученик да бакнува училишни тоалет шолји – ова се

Мерц: Трамп ја прифати поканата да ја посети Германија

Американскиот претседател Доналд Трамп ја прифатил поканата да ја посети Германија, потврди германскиот канцелар Фридрих Мерц, пренесе агенцијата ДПА. – Тимовите ќе бараат соодветен датум, изјави Мерц за германската јавна телевизија АРД

Кампања за заштита на шумите од пожар

Младите вчера на Градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје ги едуцираа повозрасните за заштита од пожари на шумите и другите отворени површини во нашата земја. Децата од општините од скопскиот регион делеа флаери
Go toTop