(ВИДЕО) Дали Бахмут падна – што точно им одговори Зеленски на новинарите

May 21, 2023
2 mins read

Откако беше објавена веста дека Зеленски го потврдил падот на Бахмут, дојде корекција од портпаролот на претседателот, Сергеј Никифоров

Денес одекна веста дека Володимир Зеленски го потврди падот на Бахмут. Во Хирошима, на состанокот со светските лидери и членовите на Г-7, украинскиот претседател навести дека украинскиот град паднал под целосна контрола на Русите, во одговор на новинарско прашање.

Фото: EPA-EFE/UKRAINIAN PRESIDENTIAL PRESS SERVICE HANDOUT

Но, набргу откако сите релевантни светски медиуми внимателно ја објавија веста, дојде корекција од портпаролот на претседателот, Сергеј Никифоров. Како што може да се слушне и да се види на снимката подолу, новинарот го прашува Зеленски: „Дали Бахмут сè уште е во украински раце“, а потоа го додава вториот дел од прашањето – „Русите велат дека ја презеле контролата врз Бахмут“. На тоа Зеленски одговори со: „Мислам дека не“, што може да се толкува на два начина – дека градот повеќе не е под украинска контрола, но и дека Русите не го окупирале целосно.

Сергеј Никифоров, портпаролот на украинскиот претседател, брзо реагираше и ги отфрли тврдењата дека Бахмут паднал, сугерирајќи во овој дел дека Зеленски всушност одговорил: „Мислам дека не“ на вториот дел од прашањето на новинарот, кој се однесува на руската контрола врз украинскиот град.

„Треба да разберете дека (таму) нема ништо. Денес Бахмут е сè уште само во нашите срца“,

рече Зеленски во својот прилично нејасен одговор.

Русија вчера соопшти дека целосно го освоила источниот украински град, што, доколку е вистина, ќе го означи крајот на најдолгата и најкрвавата битка од 15-месечната војна.

Путин им го честиташе освојувањето на Бахмут на војниците

Руското Министерство за одбрана накратко објави: „ослободувањето на Артјомовск е завршено како резултат на нападот на јуришните одреди „Вагнер“, со поддршка на артилерија и воздухопловни сили“.

Рускиот претседател Владимир Путин им честиташе на војниците за заземањето на градот велејќи дека најзаслужните ќе бидат наградени, пренесоа руските агенции.

Вчера Пригожин го држеше руското знаме и рече дека Бахмут е под руска контрола

Нападот врз претежно срамнетиот град беше предводен од платеничките трупи на групата „Вагнер“, чиј лидер Евгениј Пригожин претходно вчера изјави дека неговите сили конечно ги потиснале Украинците од последната област во градот. Шефот на „Вагнер“ ова го изјави во видео на кое стои пред борците на „Вагнер“ во воена униформа, а тие истакнуваат руски знамиња и транспаренти на платеничката група.

„Денеска во 12 часот Бахмут беше целосно окупиран. Го окупиравме целиот град, секоја куќа“,

изјави вчера Пригожин.

Украина брзо го демантира Пригожин, а тој се потсмеваше на Зеленски

Но, портпаролот на украинската војска Серхи Шереваџи изјави за Ројтерс дека тоа не е вистина и дека украинските трупи сè уште се борат во Бахмут. Заменик-министерот за одбрана рече дека се водат жестоки борби и дека ситуацијата е критична.

Бахмут е во фокусот на најдолгата и најкрвавата битка во руската војна во Украина, која трае речиси 15 месеци.

Во заднина се слушаа далечни експлозии додека Пригожин зборуваше на видеото. Меѓу другото, тој рече дека неговите сили ќе се повлечат од Бахмут од 25 мај на одмор и преквалификација и дека контролата ќе ѝ ја предадат на редовната руска армија.

Пригожин во видеото ги исмева украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Џо Бајден, кои учествуваа на самитот на Г-7 во Јапонија во саботата. Главна тема на разговор меѓу светските лидери беше војната во Украина.

Обраќајќи му се на Зеленски, Пригожин рече:

„Кога ќе го видите Бајден денес, бакнете го на врвот од главата и кажете му дека го поздравив“.

Пригожин ги повтори поплаките што често ги искажуваше во минатото. Тој рече дека неговите сили претрпеле многу поголеми загуби бидејќи руската армија не гарантирала соодветна поддршка или снабдување со муниција.

Претходно месецов тој се закани дека ќе ги повлече своите војници.

Објавата на Пригожин за победата уследи по жестоките борби околу Бахмут од минатата недела, при што Украина извести дека потиснала дел од руските сили.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меѓународниот кривичен суд изрази загриженост поради рускиот налог за приведување на тужителот Кан

Следно

Конте го менува Спалети во Наполи

Latest from Blog

„Виноскоп“ продолжува динамично: Школка повторно центар на случувањата

Втората вечер од јубилејното 15-то издание на Виноскоп ја разигра Школка со музика, вкусови , безбројни наздравувања и одлично расположение под отворено небо.Публиката уживаше во винската понуда, гастрономските содржини и програмата со

Се реализира исплатата на повратот од „МојДДВ“ за првото тромесечје од 2026 година

Управата за јавни приходи ја отпочна исплатата на средствата од повратот на ДДВ за периодот јануари – март 2026 година. Исплатата, информираат од институцијата, се спроведува етапно, согласно динамиката на обработка на

Средба Николоски – Битов: Поддршка за Македонија преку дијаспората и инвестиции

ОВицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски оствари средба со претставници на иницијативата „Македонија 2025“ и нивни блиски соработници, во рамки на Самитот „Македонија 2025“. На средбата присуствуваа долгогодишните пријатели

Коцевска: Во „Пулс“ немало реконструкција, туку внатрешно уредување – спор според правната квалификација

Една од правните дилеми што адвокатката Ивана Коцевска ја отвори во интервјуто во „Претрес“ кај Ландов се однесува на начинот на кој обвинението го квалификува уредувањето на објектот „Пулс“. Според неа, во
Go toTop