(ВИДЕО) Евровизија: Србија и Хрватска се пласираа во финалето

May 10, 2023
1 min read

Претставникот на Србија, Лук Блек, настапи со песната „Само ми се спава“, додека хрватските претставници „Лет 3“ настапија со песната „Шч“

На синоќешното 67. издание на Евровизија, во првата полуфинална вечер пред публиката се претставија 15 земји, меѓу кои и претставниците на Хрватска и на Србија.

Претставникот на Србија Лук Блек, настапи со песната „Само ми се спава“, додека хрватските претставници „Лет 3“ настапија со песната „Шч“.

Во ова полуфинале 15 земји се изборија за пласман во финалето кое е закажано за в сабота. Пет земји не поминаа понатаму.

По ревијалниот дел, презентерите најавија дека во финалето од првото полуфинале ќе одат Хрватска, Молдавија, Швајцарија, Финска, Чешка, Израел, Португалија, Шведска, Србија и Норвешка.

Земјите кои не се пласираа во финалето се: Малта, Летонија, Ирска, Азербејџан и Холандија.

Во ревијалниот дел настапи Рита Ора, големата британска ѕвезда по потекло од Приштина.

Фото: EPA-EFE/Adam Vaughan

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Москва започна состанокот за Сирија на шефовите на дипломатиите на Туркије, Русија, Иран и Асадовиот режим

Следно

Шефот на британската дипломатија: Украина не е холивудски филм, потребна е поголема поддршка

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска во Њујорк на форум за растот и иднината на новата економија

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска во Њујорк ќе учествува на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, во рамки на Sustainable Development Impact Meetings 2026, организирани од Светскиот економски форум.

Проданоски со австралискиот амбасадор: Фокус на инвестиции, економска соработка и нови проекти

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска остварил средба со амбасадорот на Австралија во Република Србија, со акредитација и за Македонија, Питер Трасвел, почесниот конзул и претставници на Амбасадата на Австралија. На

7,19 милиони денари промет на Берзата: Комерцијална банка убедливо најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.989,30 поени. Во однос
Go toTop