Маж упаднал во сиропиталиште, убил девојче, повредил девет лица: Хорор во Полска

May 10, 2023
1 min read

Нападот се случил во вторникот вечерта, а полицијата го уапсила напаѓачот и го истражува мотивот за нападот

Маж кој со нож влегол во сиропиталиште во Полска убил тинејџерка и повредил девет лица, соопшти денеска полицијата на градот Лоѓ.

Нападот се случил во вторникот вечерта, а полицијата го уапсила напаѓачот и го истражува мотивот за нападот, изјавила за државната телевизија портпаролката на полицијата Анета Собјерај.

„За жал, како резултат на нападот, 16-годишна тинејџерка, жителка на сиропиталиштето, почина на самото место, а пет лица се хоспитализирани“,

рече Собјерај, пренесе Ројтерс.

На останатите повредени им била укажана лекарска помош на местото на настанот.

Фото: EPA-EFE/LESZEK SZYMANSKI POLAND OUT

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тунис: Тројца загинаа, 9 повредени во нападот извршен врз синагога

Следно

Во Москва започна состанокот за Сирија на шефовите на дипломатиите на Туркије, Русија, Иран и Асадовиот режим

Latest from Blog

Нови документи за случајот Епштајн: Како бил поставен Манделсон за британски амбасадор во САД

Британската влада објави втора серија документи за назначувањето на поранешниот пратеник Питер Манделсон за амбасадор во Вашингтон, откако неговата кандидатура покрена прашања за проценката на британскиот премиер Кир Стармер за врските на

Ивановска: Како ќе им објасните на сиромашните граѓани дека за 35 години независност се троши над милион евра за светска ѕвезда?

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, смета дека јавноста има право да знае колку ќе чини прославата за 35-годишнината од независноста на државата и кои институции ќе

Макрон: Разговарав со Трамп, подготвени сме да испратиме војска на Ормутскиот теснец

Макрон се огласи на социјалните мрежи за да каже дека детално разговарал за ситуацијата на Блискиот Исток со Трамп. „Ги пофалив решителните напори што ги предводи за постигнување договор меѓу САД и
Go toTop