Маж во САД застрелал девојче додека играло криенка: Видов некои сенки

May 9, 2023
1 min read

Полицијата соопшти дека група малолетници си играле криенка и се криеле во соседните дворови кога Дејвид В. Дојл пукал од пиштол

Властите во американската сојузна држава Луизијана обвинија 58-годишен маж дека пукал со огнено оружје кон група малолетници кои си играле криенка и ранил 14-годишно девојче. Инцидентот се случил рано наутро во неделата во градот Старкс, Луизијана.

Полицијата соопшти дека група малолетници си играле криенка и се криеле во соседните дворови кога Дејвид В. Дојл пукал од пиштол. 58-годишниот маж им рекол на полицајците дека видел некои сенки пред својата куќа, а потоа земал оружје и почнал да пука во луѓето кои бегале од неговиот имот, пишува Си-ен-ен.

Притоа тој застрелал 14-годишно девојче во задниот дел од главата. Девојчето е пренесено во болница со повреди кои не се опасни по живот. Инцидентот се случил во слепа улица во кој живеат само три семејства – Дојл, семејството на жртвата и роднина на семејството на жртвата.

Дојл е обвинет за напад, незаконска употреба на огнено оружје и нанесување повреди.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Дивоградба на „Пластичарска“: Државна акција за рушење пробиена од државата

Следно

Барселона и Реал Мадрид би можеле да одиграат претсезонски натпревар во САД на крајот на јули

Latest from Blog

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека

СЕРИОЗНО Е ВО ФРАНЦИЈА! – ПЛАМЕНОФРЛАЧИ НА УЛИЦИТЕ, има повредени

За време на протестот на средношколци во градот Тур во централна Франција, 16-годишно момче претрпело сериозна повреда на окото од гумен куршум, објави градската обвинителка Катрин Сорита-Минар, пренесуваат медиумите. Во соопштението се

Пријателскиот меч помеѓу македонските и шкотските навивачи мораше да биде прекинат – поради тепачка (Видео)

Пријателскиот меч помеѓу македонските и шкотските навивачи, кој традиционално се игра пред секој дуел на Македонија и Шкотска, попладнево беше прекинат. Мечот на стадионот „Алумина“ беше прекинат откако полицијата мораше да интервенира
Go toTop