Туркије: Над 1,7 милиони луѓе на митингот во Истанбул

May 8, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – На помалку од една недела до претседателските и парламентарните избори во Туркије, претседателот Реџеп Таип Ердоган одржа голем митинг вчера во Истанбул на кој присуствуваа најмалку 1,7 милиони луѓе, јавува Анадолу.

Ердоган ги поздрави присутните на митингот во Истанбул и потсети на достигнувањата на неговата влада во последните 21 година.

Турскиот претседател рече дека неговата влада тројно го зголемила националниот приход во текот на изминатите 21 година. „За 21 година обезбедивме работа и храна за 21 милион луѓе придодадени на нашето население. Изградивме 10,5 милиони нови домови за 21 година и им обезбедивме на семејствата дом.“

Тој ја критикуваше турската опозиција поради нејзината непријателска реторика за домашните беспилотни летала и борбените дронови, и вети дополнително зајакнување на одбранбената индустрија на земјата.

Во однос на енергетиката, Ердоган потсети на резервите на природен гас и нафта вредни милијарди долари, откриени во Црното Море и во јужниот дел на Туркије, во областа Габар, што се ставени на располагање на турската нација.

Ердоган, исто така, рече дека неговата влада го спроведува „Големиот проект за Истанбулскиот тунел“, за кој рече дека „ќе биде третата цевка што ќе минува низ Мраморното Море“.

„Го подготвуваме Истанбул за ‘Столетието на Туркије’, а Истанбул ќе биде локомотива за подемот на ‘Столетието на Туркије’“, додаде тој.

Изборите во Туркије ќе се одржат на 14 мај. На ливчето на претседателски кандидати гласачите ќе избираат меѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој се кандидира за реизбор, и кандидатите од опозицијата Кемал Киличдароглу, Мухарем Инџе и Синан Оган.

На изборите, за места во 600-члениот турски Парламент ќе се борат 24 политички партии и 151 независен кандидат.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија ги засилува воздушните напади врз Украина во пресрет на одбележувањето на Денот на победата – 9 мај

Следно

Од денеска до 8 јуни граѓаните на Србија ќе можат да го предадат нелегалното оружје без да сносат одговорност

Latest from Blog

Девет месеци по новиот предлог, законот никако да се донесе: Претседателката помилува, новите правила на чекање

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, неодамна, на 2 Август – Илинден, помилува 25 осудени лица, но и годинава тоа беше направено врз основа на законските одредби донесени уште во 1993 година. Новите

Сити носи замена за Родри од Франција

Мароканскиот репрезентативец Ајуб Боудади ќе биде замената за легендарниот Родри во тимот на Манчестер Сити. Играчит на Лил, кој што е проценет на 100 милиони евра, летово ги промени националните бои и

Речиси 6 милиони денари промет: Макпетрол повторно во фокусот на инвеститорите

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 11.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,99 поени. Во однос
Go toTop