Русија ги засилува воздушните напади врз Украина во пресрет на одбележувањето на Денот на победата – 9 мај

May 8, 2023
2 mins read

Според информациите градовите Харков, Херсон, Миколаев и регионот Одеса биле цел на дури дури 16 ракетни напади, додека 61 удар од воздух има врз повеќе украински позиции и населени места, објави Генералштабот на вооружените сили на Украина во утринскиот извештај

Русија започна бран напади со беспилотни летала, ракети и воздушни удари врз Киев и други украински градови, соопштија денеска официјални претставници на Украина, јавуваат агенциите.

Во нападите се оштетени, складишта за гориво, автомобили, згради и инфраструктура (Илустративна фотографија)/Фото: Државна служба за итни случаи на Украина (State Emergency Service Of Ukraine)

Агенцијата Ројтерс проценува дека Москва ги засилува нападите додека во тек се подготовките за својот празник – Денот на победата, со кој се прославува поразот на Германија во Втората светската војна во 1945 година.

Според информациите градовите Харков, Херсон, Миколаев и регионот Одеса биле цел на дури дури 16 ракетни напади, додека 61 удар од воздух има врз повеќе украински позиции и населени места, објави Генералштабот на вооружените сили на Украина во утринскиот извештај.

Како што објави војската, украинската воздушна одбрана ги уништила сите 35 беспилотни летала од типот „Шахед“, од иранско производство, лансирани од Русија.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека најмалку пет лица се повредени во главниот град поради оштетување на складишта за гориво, автомобили, згради и инфраструктура.

„За жал, има загинати и ранети цивили, оштетени се високи згради, приватни куќи и друга цивилна инфраструктура“,

соопшти армијата.

Во Одеса е запален магацин за храна.

Три лица се повредени во експлозии во киевскиот кварт Соломјански, а две се повредени кога остатоци од дрон паднале во областа Свјатошин, обете западно од центарот на главниот град, изјави градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграма.

Очевидци за Ројтерс рекле оти слушнале бројни експлозии во Киев, а според локалните власти системите за воздушна одбрана ги одбиваат нападите.

По повеќечасовните предупредувања за воздушен напад експлозии оддекнале на околу две третини од територијата на Украина. Медиумите соопштија дека експлозии се слушнале во јужниот регион Херсон и југоисточниот дел на Запорожје.

Владимир Рогов, руски официјален претставник во Запорожје, рече дека руските сили погодиле складиште и позиција на украински војници во малиот град Оричов.

Сепак, овие тврдења засега не се потвредни од независни извори.

Исто така, руските сили вчера гранатираа осум места во Суми во североисточна Украина, објави регионалната воена администрација во објава на Фејсбук.

Од друга страна, изминатите две недели се засилени нападите врз цели што ги држи Русија, особено на Крим.

Украина не потврди никаква улога во тие напади, но вели дека уништувањето на непријателската инфраструктура е подготовка за нејзината долгонајавувана офанзива.

Инаку, новите руски напади доаѓаат додека Москва се подготвува за утрешната Парада на победата, клучен настан за претседателот Владимир Путин кој го евоцира духот на советскиот триумф над нацистичка Германија, истовремено обвинувајќи ја Украина дека е во прегратките на нов вид фашизам.

Украина и нејзините западни сојузници, пак, од друга страна велат дека обвинувањата од Москва се неоснован изговор за неиспровоцираната инвазија на Русија во февруари 2022 година, која резултираше со најлошиот конфликт во Европа од Втората светска војна, при што загинаа илјадници луѓе, а милиони беа принудени да ја напуштат земјата.

 Русија го засили гранатирањето на Бахмут, надевајќи се дека ќе го освои до утре, изјави висок украински генерал што ја предводи одбраната на опколениот град, откако руската платеничка група Вагнер, како што се чини, се откажа од најавите за повлекување од фронтот околу градот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајден го повика американскиот Конгрес да го забрани јуришното оружје

Следно

Туркије: Над 1,7 милиони луѓе на митингот во Истанбул

Latest from Blog

Дел од Кисела Вода во понеделник без струја – ЕВН најави прекин

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Општина Кисела Вода. Според најавата, прекинот ќе биде во периодот

Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска

Македонска технологија во светската елита: „Грин Машинс“ БРАКО го привлече вниманието на најголемиот саем во Германија

Македонската компанија БРАКО и брендот Green Machines деновиве се претставуваат на еден од најголемите светски саеми за еколошки технологии и урбана инфраструктура – IFAT Munich во Минхен. На престижниот меѓународен настан, кој
Go toTop