(ВИДЕО) Почна церемонијата на крунисување на Чарлс Трети, присутен е и принцот Хари без Меган Маркл

May 6, 2023
1 min read

Тој ќе остане запаметен како престолонаследник кој најдолго чекаше за да дојде на тронот со оглед дека неговата мајка Елизабета беше на чело на британската монархија 70 години

Фото: EPA-EFE/Tolga Akmen

Во Вестминстерската опатија започна церемонијата на крунисување на британскиот крал Чарлс Трети околу 11 часот по локално време и се очекува да трае околу два часа.

Пред пристигнувањето на кралот, во Опатијата пристигнаа членовите на кралското семејство, меѓу кои и неговиот син, принцот Хари, кој во Лондон допатува без сопругата Меган Маркл.

Фото: EPA-EFE/Andy Rain

Постариот син Вилијам, со сопругата Кејт Мидлтон, влезе како претходница на кралот и кралицата Камила.

Круната на свети Едвард, која се користи само еднаш во текот на владеењето на еден крал, денеска ќе биде ставена на главата на Чарлс Трети со извикување: „Бог да го чува кралот“.

Чарлс седна во кралскиот стол на Едвард и со него го има владетелскиот жезол кој симболизира контрола над британската нација.

На церемонијата на крунисување присуствуваат околу 2 300 гости, меѓу кои 100-ина шефови на држави, освен оние од Русија, Белорусија, Северна Кореја и Никарагва.

Покрај Чарлс Трети се наоѓа неговата сопруга Камила која од денеска официјално ќе биде кралица. Чарлс Трети, пак, ќе стане 40. монарх кој е крунисан во Вестминстерската опатија од 1066 година. Тој ќе остане запаметен како престолонаследник кој најдолго чекаше за да дојде на тронот со оглед дека неговата мајка Елизабета, беше на чело на британската монархија 70 години.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полна месечина на небото над Њујорк

Следно

Израелските сили убија двајца Палестинци на окупираниот Западен брег

Latest from Blog

Манчестер Јунајтед купува стопер во Германија

Англиските медиуми попладнево јавуваат дека менаџментот на Манчестер Јунајтед, ги контактирал претставниците на играчот на Баер Леверкузен, Едмонд Тапсоба, за да евентуално го донесат како следно засилување во одбраната. Тапсоба стопер кој

Проданоски: Сè што имаме ставаме на располагање за справување со пожарот

Вечерва беше одржан координативен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп, на кој беше разгледана актуелната состојба со пожарот во селото Чаниште и поширокиот Мариовски регион, како и ризиците

Македонија остана на 235 патронажни сестри: во Тетово една покрива над 33.000 жители

Додека здравствениот систем постојано зборува за превенција и рано откривање на болестите, патронажната служба која треба да стигне до граѓаните пред тие да станат пациенти работи со сè помалку луѓе и со

Над 30 милиони денари промет на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 18.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.171,25 поени. Во однос
Go toTop