Оружјето ѕвечка и на Корејскиот полуостров

April 29, 2023
1 min read

Моќната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун предупреди дека новиот договор меѓу САД и Јужна Кореја ќе доведе до „сериозна опасност“

Ким Јо-џонг порача дека севернокорејската стратегија на нуклеарно одвраќање „треба да се доведе до совршенство“. Изјавата следи откако САД се согласија да распоредат нуклеарни подморници во Јужна Кореја и да го вклучат Сеул во нуклеарното планирање како одговор на нуклеарните закани од северниот сосед. Истовремено, Јужна Кореја се согласи да не развива сопствено нуклеарно оружје.

Ким Јо-џонг, влијателната сестрана севернокорејскиот лидер

Договорот,  познат како Вашингтонска декларација, беше објавен оваа недела за време на разговорите на претседателот Џо Бајден со неговиот јужнокорејски колега.

Американскиот и претседателот на Јужна Кореја на прием во Вашингтон

„Колку повеќе непријателите се позиционирани на вежби за нуклеарна војна и колку повеќе нуклеарни средства распоредуваат во близина на Корејскиот полуостров, толку посилно ќе го оствариме нашето право на самоодбрана“,

изјавила Ким Јо-џонг, пренесуваат севернокорејските државни медиуми.

Пораките, според аналитичарите, не треба да се отфрлаат зашто Ким Јо-џонг има висока позиција во Централниот комитет на Работничката партија на Северна Кореја, и најблизок соработник на нејзиниот брат, лидерот на земјата.

Во јавната дебата се вклучи и Кина која предупредува на оапсноста од „намерно поттикнување тензии, предизвикување конфронтација и играње на картата на закани“.

Американска подморница од „Охајо“ класа, вооружена со нуклеарни проектили

Според договорот, кој донесе нови тензии на полуостровот,  САД повидиливо ќе застаната во одбрана на Јужна Кореја со испраќање на подморница вооружена со нуклеарни проектили во регионот прв пат по 40 години.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Данска повторно осквернати Куранот и турското знаме

Следно

Затвора весникот што пишуваше за младиот талент Моцарт

Latest from Blog

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот

Муслиу згреме: Не оди повеќе вака, репрезентацијата не е зае*анција

Еден од поискусните во македонскиот состав, дефанзивецот Висар Муслиу беше разочаран, но и лут по поразот од Шкотска. Муслиу потенцираше дека некои работи веднаш мора да бидат променети. Сите фудбалери, почнувајќи од

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека
Go toTop