Во Данска повторно осквернати Куранот и турското знаме

1 min read

КОПЕНХАГЕН (АА) – Во Данска вчера уште еднаш извршен провокативен напад врз светата книга на муслиманите, Куранот, и турското знаме, јавува Анадолу.

Член на маргиналната „Patrioterne Gar Live“ (Патриоти во живо) во Данска, која е позната по своите исламофобични и ултранационалистички ставови, ги оскверни Куранот и турското знаме пред турската Амбасада во Копенхаген.

Провокаторот, кој држеше антиисламски транспаренти и извикуваше пароли со навреди на исламот, на Твитер во живо го пренесуваше провокативниот чин.

На провокацијата реагираа турските гласачи што дојдоа да гласаат во Амбасадата на изборите за претседател на Туркије и членови на Парламентот.

Еден од турските државјани се соочи со интервенција на данската полиција кога го крена турското знаме од земја и го предупреди провокаторот.

Поголем дел од Турците кои се најдоа во околината вербално реагираа на чинот на провокаторот, велејќи дека таквата постапка е целосно неприфатлива.

При провокацијата немаше насилство, а данските власти однапред ја известиле Амбасадата на Туркије во Копенхаген и презеле безбедносни мерки на местото.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Претходно

Ердоган: „Имаме сопствен природен гас“

Следно

Оружјето ѕвечка и на Корејскиот полуостров

Latest from Blog