Во Судан и понатаму се пука, САД и африканските земји сакаат да го продолжат примирјето

April 27, 2023
1 min read

Стотици луѓе се убиени во речиси двонеделните судири меѓу армијата и ривалските паравоени сили за брза поддршка (РСФ), кои се вмешани во борба за власт која се заканува да го дестабилизира поширокиот регион

САД и африканските земји се тркаа за да обезбедат продолжување на примирјето во Судан денеска, при што суданската војска даде првично одобрение на африканскиот предлог со кој се повикува на разговори додека продолжуваат борбите.

РСФ во соопштение ја обвини војската дека ги напаѓа нивните сили и шири лаги, но не се осврна на предлогот, за кој војската рече дека доаѓа од Меѓувладината управа за развој (ИГАД) – африкански регионален блок. Во областа Картум и денеска се слушаат пукотници, изјавил жител за Ројтерс.

Стотици луѓе се убиени во речиси двонеделните судири меѓу армијата и ривалските паравоени сили за брза поддршка (РСФ), кои се вмешани во борба за власт која се заканува да го дестабилизира поширокиот регион.

Постоечкото тридневно примирје донесе затишје во борбите, но не го прекина целосно. Примирјето требаше да истече на полноќ и многу странски државјани останаа заробени во земјата и покрај егзодусот во изминатите неколку дена.

Војската доцна синоќа соопшти дека нејзиниот лидер, генерал Абдел Фатах ал Бурхан, дал првично одобрение за планот за продолжување на прекинот на огнот за уште 72 часа и за испраќање воен пратеник во главниот град на Јужен Судан на разговори.

Војската соопшти дека претседателите на Јужен Судан, Кенија и Џибути работат на предлог кој би вклучувал продолжување на прекинот на огнот и разговори меѓу двете сили.

„Бурхан се заблагодари на ИГАД и го даде првичното одобрение за тоа“,

се вели во соопштението на армијата.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и претседателот на Комисијата на Африканската Унија, Муса Факи Махамат, разговараа за заедничката работа за постигнување одржлив крај на конфликтот, соопшти во средата Стејт департментот.

Најмалку 512 луѓе се убиени, а околу 4 200 се ранети од почетокот на борбите на 15 април.

Кризата испрати сè поголем број бегалци преку границите на Судан. Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) проценува дека околу 270 000 луѓе би можеле да побегнат само во Јужен Судан и Чад.

Конфликтот ги уништи болниците и ја ограничи дистрибуцијата на храна во огромната нација каде што една третина од нејзините 46 милиони луѓе веќе се потпираат на хуманитарна помош.

Се проценува дека третманот на околу 50 000 неухранети деца е прекинат поради конфликтот, а болниците кои сè уште работат се соочуваат со недостиг од медицински материјали, струја и вода, се вели во најновиот извештај на ОН.

Фото: EPA-EFE/BUNDESWEHR HANDOUT 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Кривична пријава за арачиновец кој сакал да земе кредит со личната карта на брат му

Следно

ФИЛХАРМОНИЈАТА СО КОНЦЕРТ ПРОТЕСТИРАШЕ ПРОТИВ ЏЕЗ ОРКЕСТАРОТ, МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА ВЕЛИ ДЕКА РАБОТИ НА РЕШЕНИЕ

Latest from Blog

Онколошките пациенти таблетарната терапија ќе ја земата од аптеки, но ќе плаќаат партиципација

Наместо да патуваат до Клиниката за онкологија во Скопје пациентите со рак на дојка ќе може да ја подигнуваат таблетарната терапија од аптеките во своето место на живеење. Станува збор за лековите летрозол

Франција го забранува пушењето на повеќето отворени јавни простори

СКОПЈЕ (АА) – Франција воведе забрана за пушење на повеќето отворени јавни простори, меѓу кои плажи, паркови, јавни градини, автобуските постојки, спортски објекти, како и во близина на училишта, библиотеки и базени,

ВИДЕО: Пожари во Валандово и Дојран, МВР испраќа хеликоптер за гаснење!

Пожар кај с. Марвинци во Валандово, гори сува трева и ниска грмушка, информираат од ЦУК. На терен интервенира Територијалната противпожарна единица Валандово со едно противпожарно возило и двајца пожарникари. Пожар кај с.

Арсовска со отворено писмо до евроамбасадорот Рокас: „Во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си има своја држава“

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, испрати отворено писмо до амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, по повод посетата на еврокомесарката Марта Кос во Скопје и одржувањето на Самитот ЕУ –
Go toTop