И денеска тензично во Судскиот совет, седницата поместена за два часа

1 min read

Дел од присутните новинарски екипи кои пред зградата пристигнале порано од 11 часот, за кога беше закажан почетокот, од отворените прозорци каде што се наоѓаат просториите на Судскиот совет сведочат дека во одреден период се слушале караници во кои се кажало „ова е анархија”, „не може ова вака”…

Се пролонгира почетокот на седницата на Судскиот совет која првично беше закажана за во 11 часот од страна на заменик-претседателот Селим Адеми, а со цел избор на нов претседател откако вчера на контроверзен начин беше сменета Весна Дамева од претседателската функција.

Вообичаено, како и пред секоја седница, обезбедувањето на влезот пред 11 часот ги запиша присутните новинари, фоторепортери и сниматели, но и по повеќе од еден час тие стојат пред вратите на Судскиот совет и чекаат да бидат повикани за почетокот на седница.

Според информациите кои ги добивме од внатре, седница ќе има, но ќе доцни. Кога ќе почне, новинарите треба да бидат повикани. Зошто се доцни, засега нема објаснување.

Обезбедувањето, пак, пред малку ги извести новинарите дека седницата ќе почне во 13 часот.

Новинарите чекаат пред врата да почне седницата на Судскиот совет, Фото: „360 степени“

Дел од присутните новинарски екипи кои пред зградата пристигнале порано од 11 часот, за кога беше закажан почетокот, од отворените прозорци каде што се наоѓаат просториите на Судскиот совет сведочат дека во одреден период се слушале караници во кои се кажало „ова е анархија”, „не може ова вака”…

Начинот на кој вчера беше разрешена Дамева предизвика реакции кај дел од стручната јавност, како и кај невладиниот сектор. Имено, ниту во Законот за Судски совет, ниту во Деловникот за работа има предвидено процедура за разрешување на претседател.

Вчера и Коалицијата „Сите за правично судење“ реагираше дека за Дамева да биде разрешена од претседателка, требало да биде разрешена од член на Судскиот совет, а за тоа, потенцираа, е потребна соодветна процедура за дисциплинска постапка во која кога ќе дојде до разрешување, дека се потребни осум гласа „за“, не сметајќи го оној на предлагачот. Дамева, пак, беше разрешена само од претседателската функција со седум гласа, вклучително и на заменик-претседателот кој го иницираше разрешувањето.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Се огласи Такер Карлсон

Следно

Во Истанбул се отвори најголемиот турски фестивал за воздухопловство и технологија ТЕХНОФЕСТ

Latest from Blog