Популацијата на Јапонија опадна на рекордно ниско ниво во 2022 година

April 12, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Јапонија забележа рекорден пад од над 0,5 милиони во својата веќе намалена популација во 2022 година, што означува намалување 12-та година по ред, покажаа официјалните податоци објавени денес, пренесува Анадолу.

Населението на земјата се намали за 556.000 во 2022 година во однос на една година претходно на 124,9 милиони, при што бројот на јапонски државјани забележа најголем пад досега, објави „Кјодо њуз“ во Токио, цитирајќи владини податоци.

Од 1 октомври бројот на населението, вклучително и странските жители, изнесуваше 124.947.000, а бројот на јапонски државјани е намален за 750.000 на 122.031.000, што е најголема маргина на опаѓање откако споредливите податоци беа достапни во 1950 година, покажуваат податоците.

Алармантниот тренд укажува на итна потреба Токио да воспостави социјален систем за да се справи со двојниот предизвик на опаѓање на наталитетот и стареење на населението.

Сите 47 јапонски префектури, освен Токио, забележаа пад на бројот на жители до октомври минатата година, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи и комуникации.

Популацијата во Окинава, која опфаќа над 150 острови, се намали за 0,01 отсто, што претставува намалување првпат од нејзиното враќање под јапонско владеење во 1972 година.

Земјата, исто така, забележа пад на работоспособното население, или лицата на возраст помеѓу 15 и 64 години, за 296.000 на 74.208.000, што претставува намалување за 59,4 отсто од вкупното население.

Процентот беше на исто ниво со рекордно ниското ниво од претходната година.

– Паѓање на наталитетот –

Јапонија минатата година забележа најголем пад во бројот на новороденчиња. Оваа бројка падна под 800.000 првпат од почетокот на евиденцијата во 1899 година, покажаа податоците на Министерството за здравство.

Исто така, седма година по ред бројот на новороденчиња во земјава продолжува да се намалува.

Бројот на раѓања е намален за 5,1 отсто на 799.728, покажуваат податоците. „Невклучувајќи ги децата родени од странски родители, приближниот број на раѓања се проценува на околу 770.000.“

Бројот на починати минатата година „достигна рекордно високо ниво од 1.582.033, што претставува зголемување за 129.744“.

Од 1973 година, кога бројот на новороденчиња достигна врв на околу 2,09 милиони, Јапонија бележи пад на бројот на новороденчиња.

Една деценија подоцна, во 1984 година, бројот на новороденчиња во Јапонија падна на 1,5 милиони. Во 2016 година имаше помалку од еден милион нови бебиња.

Минатиот јануари јапонскиот премиер Фумио Кишида рече дека неговата Влада ќе им даде приоритет на политиките насочени кон олеснување на воспитувањето на децата, што е „најефективна инвестиција за иднината“.

Кишида предупреди дека нацијата со околу 126 милиони луѓе, која исто така се бори со стареењето на населението, е „на раб на губење на својата социјална функција поради рапидното опаѓање на наталитетот“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

ФИЛХАРМОНИЈАТА НАЈАВИ ПРОТЕСТИ АКО ОРКЕСТАРОТ ЗА ЏЕЗ МУЗИКА НЕ СЕ ИСЕЛИ ОД НЕЈЗИНАТА ЗГРАДА И ЈА ОБВИНИ МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА ЗА ЦЕЛИОТ ХАОС

Следно

Утре авионско прскање против комарци во Скопје

Latest from Blog

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за

Можно одложување на натпреварот Реал Мадрид-Јувентус

Натпреварот од осминафиналето на Светското клупско првенство меѓу Реал Мадрид и Јувентус можно е да биде одложен. Според најавата на метеоролошката служба за време на натпреварот најавени се грмотевици во околината на

Филипче – Кос: Поддршка за откочување на македонскиот евроинтегративен пат

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос ја оцени како одлична и многу конструктивна. На својот фб тој напиша дека ја информирал Кос, дека СДСМ останува целосно
Go toTop