Египетскиот министер за надворешни работи, Шукри, утре во официјална посета на Туркије

April 12, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Египетскиот министер за надворешни работи, Самех Шукри, утре (четврток) ќе престојува во официјална посета на Туркије, соопшти турското Министерство за надворешни работи, јавува Анадолу.

Шукри ќе пристигне во Туркије на покана на турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

„На средбите за време на посетата ќе се разговара за билатералните односи и регионалните случувања“, се вели во соопштението на Министерството.

Минатиот месец Чавушоглу и Шукри се сретнаа во египетскиот главен град Каиро каде што разговараа за билатералните односи и регионалните и меѓународните прашања, и се согласија на максимизирање на дипломатските односи.

Чавушоглу е првиот министер за надворешни работи на Туркије што го посетил Египет во последните 11 години.

Дипломатските односи меѓу Туркије и Египет се на ниво на вршители на должноста на двете страни по воениот удар во Египет во 2013 година, со кој беше соборен тогашниот претседател Мухамед Морси.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД се песимисти дека Украина бргу ќе ја заврши војната со Русија – се очекува застој, откриваат протечените документи од Пентагон

Следно

Прегазени тројца пешаци за неколку часа во Скопје

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop