Нешто посебно, нешто вкусно: нови медитерански вкусови во Веро

November 4, 2026
1 min read

Веро маркетите продолжуваат да ја развиваат понудата на внимателно избрани производи кои потрошувачите во Македонија можат да ги најдат во нивните маркети. Под мотото „Нешто посебно, нешто вкусно!“, актуелната селекција носи производи од познати производители, со акцент на традиционалните и медитеранските вкусови кои не се дел од вообичаената понуда на домашниот пазар.

Концептот „Само во Веро“ опфаќа различни категории, од кафе, тестенини и сосови до слатки производи, алва, таан, бисквити, грицки, зачини и други специјалитети. На едно место, потрошувачите имаат можност да откријат производи со автентичен вкус и препознатлива традиција.

Во понудата се застапени и производи од познати медитерански брендови, меѓу кои „Лумидис Папагалос“, „Хелиос“, „Galaxy Foods“, „Olympos“ и „Papadopoulos“.

 

За љубителите на кафе, „Лумидис Папагалос“ го носи препознатливиот вкус на медитеранското кафе, додека „Хелиос“ нуди разновиден избор на тестенини, од класични шпагети и макарони до таљатели, орзо, лазањи и други форми погодни за подготовка на различни оброци.

Понудата ја дополнуваат производите на „Galaxy Foods“, меѓу кои се балсамико кремови, оцет, сенф, сок од лимон и различни преливи. Разновидните комбинации на вкусови овозможуваат нивна употреба во салати, предјадења, јадења со месо, сирења и голем број други рецепти.

За оние кои претпочитаат традиционални слатки вкусови, во Веро се достапни производите на „Olympos“, меѓу кои различни видови алва, таан и производи од сусам. Изборот вклучува класични, но и посовремени комбинации на вкусови.

Во сегментот на бисквити и грицки се издвојуваат производите на „Papadopoulos“, со различни видови грисини, интегрални производи и сендвич-бисквити со повеќе вкусови.

Со ваквата понуда, Веро продолжува да го развива својот асортиман со производи кои внесуваат нови вкусови во секојдневната исхрана и им овозможуваат на потрошувачите да пробаат нешто поинакво од она што вообичаено се наоѓа на домашниот пазар.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НБРМ: Во главната филијала на Алта банка во Битола ќе се исплаќа готовина за граѓаните без картички

Latest from Blog

НБРМ: Во главната филијала на Алта банка во Битола ќе се исплаќа готовина за граѓаните без картички

Граѓаните што имаат платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, но немаат платежни картички, од четврток, 5 ноември, ќе можат да подигнуваат готовина во главната филијала во Битола, соопшти Народната банка. Исплатата

ЕФА бара меѓународна заштита за Македонците во Грција: Пријавени притисоци и прекини на фестивали

Пријавите за прекинати фестивали и заплашување се надоврзуваат на долгогодишните спорови за јазикот идентитетот и правото на здружување Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) побара меѓународна

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и
Go toTop