Наскоро започнуваат градежни активности на просторот на поранешната фабрика „Треска“, инвеститорите треба да изградат градинка

April 9, 2023
1 min read

Општина Центар преговара со инвеститорите кои ќе подигнат згради на просторот на поранешната фабрика „Треска“, да изградат градинка и да ја донираат на Општината, вели градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

„Почнати се процедури за расчистување на објектите од страна на сопствениците на одредени парцели. Иако нема градинка предвидено, ние правиме напор со сопствениците односно инвеститорите што во иднина би граделе во тој дел да направат градинка што би ја донирале на општината“, вели Герасимовски во интервју за Радио Слободна Европа.

Десетици инвеститори поднесоа барање до Општина Центар за окрупнување парцели преку откуп на државно земјиште на оваа локација. Сопствениците на приватното земјиште сакаат да градат според детален урбанистички план кој беше оспорен, а според постоечката регулатива можат да бараат окрупнување на парцели доколку поседуваат над 30 отсто од земјиштето.

Државата на оваа локација поседува околу 40 отсто од државното земјиште. Градоначалникот вели дека поднесените барања се за 10.до 15 отсто од она што државата го поседува.

„До општината уште пред неколку години се пристигнати многу барања, но во моментов е процедура за расчистување на земјиштето, односно отстранување на објектите. Од тие парцели што имаат поднесено барања мислам дека е тоа мал процент на парцела, околу 10 до 15 отсто, што не се големи бројки. Останатиот дел што е државно ќе потпадне на урбанизација, решавање на сообраќајот, во делот на паркирањето и зеленилото“, вели Герасимовски.

Во април минатата година на оваа локација изби пожар, при што изгореа напуштени објекти. Локацијата е подолго време спорна поради интересот на инвеститорите да градат станбено-деловни објекти според детален урбанистички план кој не е усогласен со Генералниот урбанистички план на градот.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Католиците и протестантите го слават најголемиот христијански празник Велигден

Следно

На вториот ден од воените вежби, Кина симулираше напад врз Тајван

Latest from Blog

„One stop“ и на граничниот премин „Табановце“ – Дачиќ скептик за технологијата, Тошковски уверен: Ќе го намали чекањето

Едниот пристигна со хеликоптер од Белград, другиот со полициска придружба од Скопје. Средбата се одржа на најфреквентната точка од Коридорот 10. Додека министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот српски колега

Јовева со остри критики пред гласањето за извештајот за Северна Македонија во Европскиот парламент: „Јас ја бирам страната каде што идентитетот и јазикот се оставени на мир“

Европратеничката Ирена Јовева денеска преку Инстаграм испрати јасна порака по повод претстојното гласање за извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија, закажано за следната недела на пленарната седница во Европскиот

Крушево се соочува со голема миграција

Миграциите се повеќе ги празнат малите места низ државава. Таков е примерот и со славно Крушево градот на македонската револуционерна борба кој од година во година има се помалку жители. Младите масовно

Русија изрази претпазлив оптимизам во однос на крајот на 12-дневната војна меѓу Иран и Израел

МОСКВА (АА) – Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изрази олеснување и претпазлив оптимизам поради завршувањето на 12-дневната војна меѓу Иран и Израел, истовремено нагласувајќи дека загриженоста на Москва мора да

СО РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ ПРЕДВИДЕНИ УШТЕ 2,3 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ И 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СУБВЕНЦИИ И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ, РЕЧЕ ЉУТКОВ

Со ребалансот на Буџетот е предвидено Агенцијата за филм да добие дополнителни 145 милиони денари (2,3 милиони евра), а уште 155 милиони денари (2,5 милиони евра) се предвидени за субвенции и поддршка
Go toTop