На вториот ден од воените вежби, Кина симулираше напад врз Тајван

April 9, 2023
1 min read

Тајванското министерство за одбрана извести дека во текот на овие два дена, во Тајванскиот теснец биле забележани 58 кинески авиони и девет воени бродови

Кинеската државна телевизија објави дека патролите и вежбите за инспекција на борбена готовност околу Тајван ќе продолжат и утре, а денешните вежби имале за цел да симулираат заеднички прецизни напади врз клучни цели на островот Тајван и во околните морски области. Тајвански безбедносни извори за Ројтерс велат дека покрај симулацијата за напад на островот, кинеската армија вежбала и симулирани напади врз борбени групи на носачи на авиони, како и вежби за војување против подморници.

Инаку, кинески воени бродови вчера почнаа со вежби со боева муниција како дел од тридневната воена вежба која Кина ја нарекува „предупредување“ за протајванските сили за независност.

Овие вежби започнаа само неколку часа откако претседателката на Тајван, Цаин Инг-вен, се врати од патувањето во САД, каде што таа имаше состанок со претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти, во Калифорнија. Оваа посета кинеските власти ја нарекоа провокација и уште еднаш истакнаа дека Тајван е нераскинлив дел од Кина

„Овие операции служат како строго предупредување против дослух меѓу сепаратистичките сили кои бараат ‘независност на Тајван’ и надворешните сили и против нивните провокативни активности. Тие се неопходни за да се зачува националниот суверенитет и територијалниот интегритет на Кина“,

стои во соопштението од Пекинг.

Тридневната операција под името „Обединет остар меч“ ќе трае до понеделник, а додека траат вежбите ќе бидат организирани и патроли кои ќе напредуваат околу Тајван.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Наскоро започнуваат градежни активности на просторот на поранешната фабрика „Треска“, инвеститорите треба да изградат градинка

Следно

Франција: Во Марсеј се урна зграда, пожарот ги отежнува спасувачките операции

Latest from Blog

МЕПСО: Изборот на изведувач за далекуводот кон Албанија е според правилата на ЕБОР – избран е реномиран европски изведувач

АД МЕПСО соопшти дека постапката за избор на изведувач за проектот за изградба на 400 kV интерконективен далекувод со Албанија е спроведен во целосна согласност со највисоките меѓународни стандарди, правилата на ЕБРД

Инфантино дециден: Иран ќе игра на Мундијалот!

фото: El Comentario (X) Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ги отфрли сите сомнежи и потврди дека иранската фудбалска репрезентација ќе учествува на претстојното Светско првенство, кое ќе се игра од 12 јуни

МЕПСО: Изборот на изведувач на далекуводот кон Албанија е според правилата на ЕБОР, „Далековод“ е реномиран и докажан изведувач кој работи по европски стандарди

АД МЕПСО соопшти дека постапката за избор на изведувач за проектот за изградба на 400 kV интерконективен далекувод со Албанија е спроведен во целосна согласност со највисоките меѓународни стандарди, правилата на ЕБРД

Иран е подготвен за преговори со САД, но под еден услов

Во телефонски разговор со јапонскиот премиер Санае Такаичи, шефот на дипломатијата на Иран, Абас Арагчи, го повтори ставот на Техеран дека несигурноста во регионот произлегува од американските дејствија, пишува Скај њуз. Тој

Голема акција за пошумување на Готен: “Бучим” и ЈП “Национални шуми” засадија 5.000 садници на опожарените површини

Како дел од долгорочните активности за обновување на шумскиот фонд, „Бучим“ и ЈП „Национални Шуми“ на 25 април реализираа пошумување на Готен со 5000 садници. На планината Готен, над селото Јаргулица, на
Go toTop