Зеленски: Не ја исклучуваме можноста за повлекување од Бахмут

1 min read

Украинскиот претседател Володимир Зеленски призна дека постои можност за воено повлекување од градот Бахмут на истокот на земјата.

„За мене најважно е да не ја изгубиме нашата војска. И секако ако дојде момент на уште поинтензивни случувања и опасности дека може да изгубиме луѓе, ќе има генерали кои ќе донесат исправни одлуки на лице место. Сигурен сум во тоа. Но, колку посоодветна муниција пристигне во Украина, толку побрзо ќе се соочиме со ситуацијата не само во Бахмут, туку и на целата територија на нашата земја“, рече Зеленски на средбата во Варшава со полскиот претседател Анджеј Дуда.

Зеленски рече дека ситуацијата во Бахмут е „најтешката“ во целата земја. Тој град веќе со месеци го напаѓаат руските сили. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Уставниот суд ја укина одлуката за ДУП-от во Карпош со кој се предвидува изградба на бензинска пумпа

Следно

(ФОТО+ВИДЕО) Напад во градинка во Бразил – 25-годишник со секира уби четири деца

Latest from Blog