Бојко Борисов: Задачата е редовна влада, јас ќе бидам пратеник и лично ќе ги водам преговорите

April 5, 2023
1 min read

Тој ги критикуваше Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија, имплицирајќи дека страдаат од мегаломанија

Единствената задача пред ова Народно собрание е формирање на редовна влада. Без оглед на цената на партиите, рече поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ Бојко Борисов за време на првата прес-конференција по изборите кои се одржаа во неделата, јави БТВ.

Тој додаде дека ќе биде пратеник во 49. Народно собрание и лично ќе ги води преговорите со останатите партии.

„Нови избори значат ризик за парламентарната демократија. Ќе ги поканиме апсолутно сите партии што бугарскиот народ ги испрати во Народното собрание. Најстабилна влада – онаа што ќе го смири бизнисот е коалицијата меѓу големите партии“,

смета Борисов.

Тој ги критикуваше Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија, имплицирајќи дека страдаат од мегаломанија.

„Не кревавме во воздух балони, не организиравме маси, не пиевме шампањ“,

рече Бојко Борисов.

Поранешниот премиер јасно стави до знаење дека сите разговори за политика минуваат низ редовна влада.

„За политики ќе разговараме само со партиите што ќе одлучат да учествуваат во редовна влада. Ова е она што сакам сите да го слушнат. Се вртиме кон најголемата затоа што тоа би било најстабилно, и европски и атлантски. Бугарите рекоа – не може без ГЕРБ , но не може ниту без ПП-ДБ. Во моментот кога Румен Радев ќени го врачи мандатот, ќе ги поканиме сите партии кои влегоа во Народното собрание“,

рече Борисов.

Бојко Борисов додаде дека ГЕРБ -СДС ќе разговара дури и со Преродба затоа што „не треба да се потценуваат“. Тој додаде дека ќе го покани и претседателот на средба бидејќи, според него, токму шефот на државата е политичар со најдолг стаж во Бугарија.

Копретседателот на партијата Продолжуваме со промените Асен Василев, вчера изјави дека нема да поддржат кабинет со мандат или учество на ГЕРБ.

Во Бугарија во неделата се одржаа парламентарни избори, петти по ред во период од две години. Според резултатите кои ги објави Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија, во новиот состав на бугарскиот парламент ќе влезат шест партии, односно коалиции. Прва со најмногу гласови е коалицијата ГЕРБ-СДС на поранешниот премиер Бојко Борисов. Таа има 49 769 гласа повеќе, или помалку од два отсто од второпласираната коалиција на Кирил Петков – Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија (ПП-ДБ).

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Кривична пријава за вработена во Катастар која ја злоупотребила службената положба

Следно

Еден ден по поразот ова е голем шок и за него – инспекторите чукнале на вратата на Мило Ѓукановиќ, еве што му наредиле да направи веднаш!

Latest from Blog

Прилепскиот основен суд под лупа на ревизија на финансиското работење во 2023 година

Прилепскиот основен суд во поголем дел не доби позитивно мислење во врска со финансиските извештаи за 2023, а со резерва е прифатена нивната усогласеност. Ова е констатирано по ревизијата на финансиските извештаи

Ердоган: Сè поагресивните политики на Израел го загрозуваат регионалниот мир

ИСТАНБУЛ (АА) – Сè поагресивните политики на Израел под сегашната администрација го загрозуваат мирот и стабилноста во регионот, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу. Тој ги даде овие изјави

Почетокот на Европското првенство Б-дивизија започна со убедлив пораз на Јуниорките

Женската јуниорска репрезентација на Македонија со убедлив пораз го почна настапот на Европското првенство Б-дивизија што од денеска се одржува во Литванија. Нашите млади кошаркарки загубија од Романија со 45-87 во меч

Палестинците во Газа ги ризикуваат животите за малку хуманитарна помош поради израелските напади

СКОПЈЕ (АА) – Израелските сили отворија оган врз цивилите што чекале хуманитарна помош во јужниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу. Инцидентот се случи во областа Кан Јунис, каде што голем број

Полициски службеник призна дека сторил проневера во служба

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против еден полициски службеник
Go toTop