Гази Баба дава субвенции за вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друго алтернативно гориво

April 5, 2023
1 min read

Објавен е јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за вградување на уреди за течен гас/метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата за 2023 година.

Преку субвенции, општина Гази Баба на граѓаните ќе им врати до 50 % од трошоците за купен и вграден уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото, но не повеќе од 18.000 денари без вклучен персонален данок на доход по возило. Персоналниот данок на доход е на товар на Општина Гази Баба.

-Овој вид на субвенции, општина Гази Баба ги воведе минатата година во насока на стимулирање на граѓаните за вградување на уреди за течен нафтен гас и други алтернативни горива во возилата, а со цел намалување на загадувањето на воздухот од возилата. Ги повикувам граѓаните на општина Гази Баба да ја искористат можноста и да аплицираат за добивање на субвенции, посочи градоначалникот Бобан Стефковски.

Јавниот повик може да се погледне ТУКА.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Макрон пристигна во Кина: Разговорите со Си Ѓинпинг ќе траат шест-седум часа

Следно

Туркије го осуди упадот во џамијата Ал Акса и приведувањето Палестинци од страна на израелската полиција

Latest from Blog

Возиња конечно промовиран во Коло Коло

Голманот на репрезентацијата на Зеленортски острови, и сензацијата од последниот Мундијал во САД, Мексико и Канада, 40. годишниот Возиња конечно е промовиран како нов член на чилеанскиот тим на Коло Коло. Тој

ТЕЖОК УДАР: Путин потпиша закон насочен кон Руси во егзил осудени во отсуство

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се воведуваат широки финансиски, имотни и конзуларни ограничувања за Русите што живеат во странство, а се осудени во отсуство. Ова важи и за законот

Николоски: Над 409.000 патници на скопскиот аеродром во јули – нов историски рекорд

Македонските аеродроми бележат рекордни резултати во авио-сообраќајот, а политиките за привлекување нови авиокомпании и отворање нови авиолинии веќе даваат видливи ефекти, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето
Go toTop