Туркије: Бебе 54 дена по земјотресот повторно со својата мајка

April 3, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Бебето што 128 часа беше под урнатините по разорниот земјотрес во Туркије, по 54 дена повторно е со својата мајка, јавува Анадолу.

Три иполмесечната Ветин Бегдаш, која здравствените работници ја нарекоа „Гизем“, што значи „мистерија“ на турски, беше спасена во областа Хатај 128 часа по двата силни земјотреса што го погодија јужниот дел на земјата на 6 февруари.

Потоа девојчето било пренесено во болница во главниот град Анкара.

Министерката за семејство и социјални услуги на Туркије, Дерја Јаник, ѝ го предаде бебето на мајката Јасемин Бегдаш во областа Адана, каде што моментално се наоѓа на лекување.

Бебето и мајката биле споени благодарение на ДНК-тестот со кој се докажала врската. Таткото и двајцата браќа на бебето ги загубија животите во земјотресот во кој загинаа повеќе од 50.000 луѓе.

„Бебето е навистина чудо. Воодушевени сме од фактот што преживеа и немаше никакви здравствени проблеми. Таа сега е наше дете”, изјави Јаник.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од среда килограм домати ќе се продаваат за 70 денари, Владата ги замрзна цените на 11 овошја и зеленчуци

Следно

Османи од Рим: Потребни се похрабри одлуки од ЕУ кон Западен Балкан

Latest from Blog

„ВРЕМЕ Е УКРАИНА ДА ДОБИЕ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ!“ Трамп повика на смена на Зеленски: „Имаше многу шанси, не искористи ниту една од нив“ (ВИДЕО)

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, отворено повика на промена во украинското раководство, велејќи дека е време Украина да добие нов претседател наместо Володимир Зеленски. Тој ја даде изјавата пред новинарите

Во Шведска е одигран најлудиот меч во историјата, паднаа 11 гола во вториот дел, а победникот беше решен во 99-та минута (Видео)

Фудбалерите на АИК и Бромапојкарна одиграа натпревар за паметење во шведскиот фудбал, во кој беа постигнати дури 11 гола во второто полувреме. Гостите на крајот славеа со неверојатни 5-6, иако во финишот

Хет-трик на Нкунку во дебаклот на Ајнтрахт Франкфурт (Видео)

Лајпциг продолжи со убедливите настапи и по репрезентативната пауза, откако на домашен терен го прегази Ајнтрахт Франкфурт со неверојатни 6-0 во натпреварот од петтото коло во Бундеслигата. Во центарот на вниманието беше
Go toTop