Учениците од Гази Баба заминаа на зимски училишен камп

January 13, 2023
1 min read

За прв пат со финансиска поддршка од Општина Гази Баба се организира зимски училишен камп за учениците од основните училишта.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски се сретна со учениците и им посака среќен пат.

– Утрово имав можност да им посакам среќен пат на учениците од општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба кои заминаа на зимски училишен камп. За прв пат оваа година, општина Гази Баба преку директна финансиска помош ја субвенционира цената за секој ученик. Оваа активност, општина Гази Баба ја реализира во соработка со општинскиот сојуз за училишен спорт на Гази Баба. Дополнително во буџетот за 2023 година се обезбедени финансиски средства за субвенционирање на 400 ученици од училиштата во Гази Баба за учество во летниот училишен камп. Овие кампови се одлична можност за дружење и дополнителна едукација на учениците, информира Стефковски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Србија има околу 760.000 жители помалку отколку во 2011 година

Следно

Во Србија повторно протече амонијак, 10 лица префрлени во болница во Панчево

Latest from Blog

ЛШ: Сити ја продлабочи кризата на Реал, Арсенал не знае за пораз, ПСЖ остана без муниција (ВИДЕО)

ВО големата пресметка и дербито на колото во Лигата на шампионите, Манчестер Сити славеше во мадрид против реал со 1.2 и ја продлабочи кризата кај „кралевите“. Иако почнаа добро и поведоа со

Трамп потврди дека американските сили заплениле танкер за нафта крај брегот на Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп денес потврди дека американските сили заплениле танкер за нафта крај брегот на Венецуела. „Тукушто запленивме танкер крај брегот на Венецуела – голем танкер, многу голем, всушност најголемиот што

Бојковска: Рејтингот на СДС преку шпекулации, лажни обвинувања и погрешна стратегија нема да порасне

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистини“ вечерва гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска која дискутираше за обвинувањата и шпекулациите од страна на опозицијата, за темата дека во Македонија
Go toTop