Стефковски: Отворивме нова сензорна соба, единствена во Македонија од ваков тип

March 31, 2023
1 min read

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски ја отвори новата сензорна соба во ООУ „Наум Наумовски Борче“ во Маџари.

– Отворена сензорна соба во ООУ „Наум Наумовски Борче“. Со гордост можам да кажам дека сензорната соба од ваков тип е единствена од сите училишта во Македонија која е креирана по сите стандарди и преставува осмислена целина која содржи три различни простори потребни за инклузивно образование и тоа: простор за сензорна интеграција, сетилна соба и простор за изолација.

Во рамки на сензорната соба е изграден и тоалет прилагоден за лица со посебни потреби. Нашите заложби за инклузија на децата со посебни образовни потреби ги докажуваме преку реализација на проекти. Еднакви образовни можности за сите деца е нашата крајна цел, напиша Стефковски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Доналд Трамп ќе биде прв поранешен претседател на САД кој е обвинет

Следно

Папата Франциск се очекува утре да биде отпуштен од болница

Latest from Blog

Ајкула залута во јужнокорејско пристаниште, 600.000 луѓе дојдоа да ја видат (ВИДЕО)

Ајкулата, долга приближно 3,5 метри, првпат била забележана на 18 септември во тесен воден канал во рамките на Северното пристаниште на Бусан. Властите вчера се обиделе да спроведат акција за спасување откако

ТС Дуброво по 50 години запишана во сопственост на МЕПСО

По речиси пет децении, еден од долгогодишните имотно-правни проблеми во електроенергетската инфраструктура конечно се решава. Објектите на ТС 400/110 kV Дуброво, изградена во 1977 година, се запишани како сопственост на АД МЕПСО,

Трамп: Канада е една од најлошите земји во светот

Оваа изјава доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Отава, кои ги оптоваруваат историски пријателските односи. „Проблемот е што тие се однесуваа многу неправедно кон Соединетите Држави. Тие беа една
Go toTop