Детали за убиството кај Млечен: Осомничениот пукал неколкупати, потоа со кундакот удирал во главата на жртвата

March 31, 2023
1 min read

Убиениот, кој бил во алкохолизирана состојба, осомничениот и уште две лица пристигнале заедно во казиното, играле на апаратите, а потоа се скарале. Подигнати се траги од местото на убиството, а обезбедени се и снимки од видеонадзорот

Осомничениот и убиениот во казиното во непосредна близина на Млечниот ресторан во Скопје дошле заедно, играле на апаратите, а потоа почнале да се расправаат.

Ова се дел од деталите што ги соопшти Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје кое направи увид на местото на убиството.

Жртвата, според првичните информации, е на возраст од 46 години. Убиениот, кој бил во алкохолизирана состојба, осомничениот и уште две други лица пристигнале во казиното. Откако се скарале, осомничениот прво пукал неколкупати кон починатиот, а потоа и го удирал во глава со кундакот од пиштолот.

„Извесно време играле на апаратите, а потоа жртвата започнал да се расправа и да се турка со едно од лицата со кои бил заедно во казиното. Другите двајца се обиделе да ги раздвојат, но осомничениот извадил пиштол и неколкупати пукал во оштетениот. Потоа со кундакот од пиштолот го удрил повеќепати во пределот на главата. Жртвата им подлегнала на повредите на самото место. Се трага по лицето за кое постои сомнение дека го извршило убиството“,

велат од ОЈО Скопје.

По наредба на обвинителот, телото на убиениот е дадено на обдукција, а ќе се врши вештачење на траги и докази подигнати од местото на настанот и ќе се разговара со сведоците. Обезбедени се и снимки од видеонадзорот.

МВР за случајот претходно извести дека починатиот е од Арачиново.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На САД не им се губат уште дронови над Црното море

Следно

Украина: Стапи во сила закон со кој се дозволува забрана на медиумите без судска одлука

Latest from Blog

Земјотрес со јачина од 7,6 степени ја погоди Јапонија

Земјотрес со јачина од 7,6 степени по Рихтер во североисточниот брег на Јапонија предизвика предупредување за цунами. Земјотресот е регистриран во регионите Аомори и Хокаидо во североисточна Јапонија, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Мицкоски: Свети Климент со својот пример ни покажува дека преку образование се гради и зајакнува иднината на народот

По повод денот на Свети Климент Охридски упатувам искрени честитки до сите граѓани. Делото на овој голем просветител претставува трајна вредност и инспирација за неговата посветеност кон знаењето, духовноста и развојот на

Нови 243 содржини на македонски јазик на Википедија создадени за време на Вики-кампот на Попова Шапка

Преку создавање статии, дискусии и предавања, не само што ја збогатуваа Википедија, туку учесниците имаа можност и да дознаат повеќе за занаетчитството преку едукативни предавања, информираат од Викимедија МКД, невладина организација која
Go toTop