Tрансродовите лица денеска на марш низ Скопје

March 31, 2023
1 min read

Во рамки на кампањата за одбележување на 31 Март – Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица денеска во Скопје ќе се одржи марш за видливост на трансродовите лица, на кој ќе биде испратена пораката „И мојот идентитет постои“. 

Како што информираат од Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“, маршот ќе  почне пред Владата.

„TрансФормА“ заедно со трансродовите лица, активистите и нивните поддржувачи се приклучува петти пат кон глобалната акција за солидарност со трансродовите лица, со цел намалување на насилството и дискриминацијата со кои секојдневно се соочува оваа маргинализирана група.

– Како и сите претходни години, и оваа година децидно и недвосмислено бараме законот за правно признавање на родот да биде конечно ставен во собраниска процедура со што пратениците ќе ја добијат можноста да гласаат онака како што ветуваа пред да бидат избрани и онака како што Европскиот суд за човекови права и наложи на оваа Влада како обврска. За политичките субјекти можеби ова е интригантна политичка игра и собирање поени, меѓутоа Ве уверуваме дека за трансродовата заедница ова е единствен начин да започне да ги остварува и ужива своите најелементарни човекови права, се наведува во соопштението од Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“.

Меѓународен ден на видливост на трансродовите е годишен настан што се случува на 31 март, ден на кој се слават трансродовите луѓе и е посветен на подигање на свеста за дискриминацијата со која се соочуваат трансродовите лица ширум светот.  

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Столтенберг ја поздрави ратификацијата од турскиот Парламент на приклучувањето на Финска кон НАТО

Следно

Демонстрации против полициското насилство во Франција

Latest from Blog

ЕУ ги осуди омразата и насилството во Србија и повика на избегнување ескалација

Делегацијата на Европската унија во Србија ги осуди „актите на омраза и насилство“ во Србија и повика на избегнување ескалација на тензиите. „Внимателно ја следиме ситуацијата и повикуваме на избегнување на каква

Врховниот суд и Судскиот совет очекуваат кредибилен процес во Скопје за кочанската трагедија

Новиот претседател на Врховен суд Африм Фидани очекува во Кривичниот суд во Скопје да се спроведе целисходна постапка за случајот Кочани. Судот каде што ќе се води постапката ги исполнува условите, за

Ѓоковиќ убедлив против Британецот Еванс

Седумкратниот шампион на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ на убедлив начин стигна до победа во мечот од второто коло на Вимблдон против Британецот Даниел Еванс. Српскиот тенисер со 3:0 во сетови (6:3; 6:2; 6:0)

Предлогот за 60-дневен прекин на огнот во Газа предвидува ослободување на 10 израелски заложници и гаранции од САД

ЕРУСАЛИМ/АНКАРА (АА) – Предлогот за 60-дневен прекин на огнот во Газа предвидува ослободување на 10 израелски заложници и предавање на посмртните останки на уште 18, соопштија израелските медиуми денес, пренесува Анадолу. „Ослободувањата
Go toTop