Белгиската полиција приведе 8 лица во антитерористички акции

March 28, 2023
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Полицијата во Белгија приведе осум лица за време на антитерористички рации низ земјата, соопшти Федералното обвинителство, пренесува Анадолу.

Во соопштението на Обвинителството се вели дека полициски тимови извршиле претреси во главниот град Брисел и Антверпен, вториот по големина град во земјата.

Пет лица се приведени во претресите спроведени во Антверпен и неговата околина. Се истакнува дека двајца од приведените планирале терористички напад во Белгија.

Уште три лица се приведени во Брисел. Се нагласува дека тројцата се осомничени за планирање терористички напад.

Обвинителството соопшти дека претресите биле извршени за две различни истраги кои евентуално би можеле да бидат поврзани.

Во соопштението не се споделени дополнителни информации.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије: Пречекувањето на терористите на ПКК/ЈПГ „фрла сенка врз угледот на францускиот Сенат“

Следно

Албанската полиција нуди награда од 100 илјади евра за информација за нападот врз Топ чанел

Latest from Blog

Божиновска на Energy Transition Summit во Атина: Регионална соработка клучна за енергетска иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на заедничката министерска средба со министрите за енергетика на Република Грција, Република Србија и Република Бугарија, Ставрос Папаставру, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ

„Комуналец – Прилеп“ и НВО „Станица 5“: Заедничка акција за почист Прилеп

НВО „Станица 5“ и ЈКП „Комуналец“ – Прилеп организираа еко акција за чистење на излетничките, шумските и зелените површини околу Вештачкото езеро во Прилеп. Во акцијата учествуваа доброволци и еко активисти, кои

НОМАГАС: Србија е следната стратешка точка во енергетското поврзување

Македонија влегува во нова фаза на регионално енергетско поврзување. Државната компанија НОМАГАС со тендерот за избор на проектант и на изведувач на интерконективниот гасовод кон Србија поставува основа за реализација на интерконекторот,
Go toTop