Сезоната во Ла Лига ќе започне оваа сабота, а Реал, Барселона, Атлетик Билбао, Бетис и Атлетико Мадрид ќе започнат подоцна, бидејќи лигата одлучи да им дозволи на играчите кои беа на Светското првенство да се одморат и да се приклучат на составите. Но, друг натпревар ќе биде одложен.
Дуелот помеѓу Селта и Осасуна е одложен поради габична болест која го нападна тревникот на стадионот Балаидос.
Селта требаше да ја пречека Осасуна во недела во 20:30 часот, но тој датум сега е променет на 27 август во 19:30 часот. Во Осасуна не се задоволни од новиот термин, како што велат и поради навивачите, бидејќи новиот термин бил закажан за работен ден.
Тие истакнуваат дека двата клуба се согласиле натпреварот да се игра на 24 или 25 септември, кога е во тек репрезентативната пауза.
Претставниците на Ла Лига го контролираа теренот во среда откако Селта претходно побара одложување на нивниот натпревар од првото коло поради габичен проблем што го нападна теренот.
Проблемот се појави поради високите температури, кои не се под 36 степени Целзиусови од средината на јули, а не се спуштија под 20 степени дури ни во текот на ноќта.
„Во четврток, Ла Лига го прифати нашето барање, во соработка со клубот и Шпанската фудбалска асоцијација, да го одложи натпреварот од првото коло што беше закажан за недела поради болеста на тревата што го зафати теренот на нашиот стадион. Минатата недела, Ла Лига изврши технички преглед и започна работа за сузбивање на болеста што беше пронајдена. Во тој момент, теренот ја помина проверката и беше прогласен за безбеден за играње. Сепак, временските услови во изминатите неколку дена беа такви што болеста на тревата напредуваше и тоа доведе до одлука за одложување на натпреварот“, соопштија од Селта.
Извор: vecer.mk

